Поедноставно и почисто искуство.
„Сѐ во едно уред“
08/11/2023
IQOS ILUMA уредите конечно пристигнаа во Македонија. Но, што друго се случуваше овој период? Среќни сме да те известиме дека IQOS ја прошири достапноста со уште една локација. Овој пат сме во Тетово.
Нa новата, лесно достапна IQOS Зона во Palma Mall Тетово можеш да се запознаеш со новата генерација на IQOS ILUMA уредите. Биди меѓу првите кои ќе ja истражат оваа иновација, создадена за да те издигне на „следното ниво“.
За оваа зона, исто како и за IQOS бутиците во Скопје, нашите талентирани уметници Сања Симоска и Сали Ертунц, повторно ги здружија силите за креирање на уште еден уникатен мурал кој беше прикажан на новата IQOS зона. Овој мурал ги потенцира живописните знаменитости на Тетово, додавајќи допир на локална култура.
Како и сите останати, така и оваа IQOS зона нуди низа услуги кои ќе ја направат твојата IQOS приказна лесна и магична. Без разлика дали си искусен или љубопитен корисник за она што го нудиме, може да очекуваш корисничка поддршка, информации за производот, корисни инструкции и можност за купување на новите IQOS ILUMA. Покрај тоа, на оваа нова зона, како и целосната корисничката поддршка на сите официјални канали е целосно достапна како на македонски, така и на албански.
Затоа, отсега те чекаме во Palma Mall – Тетово, заедно да ги откриеме иновациите, уметноста и иднината.
IQOS патувањето е возбуда од почеток до бескрај.
Најди нè во новиот дел на Palma Mall. Се гледаме таму!
Ваш, IQOS