12/01/2024

Започни ја поинаку новата 2024

Драг читателу, ти кој си секогаш во потрага по новини од светот на IQOS, овој пат сакаме да ти ја честитаме Новата 2024 и ти посакуваме оваа да биде најдобрата досега!

IQOS ILUMA PRIME уред

Да ја започнеме со грижа за себе, опкружени со најсаканите. За да ти биде најдобра до сега, веруваме дека важи една мантра до која препорачуваме да се водиш– „Сѐ што правиш во новата година прави го без притисок и без комплицирани правила”.

Поттикнати токму од оваа идеја решивме да те охрабриме да ја започнеш оваа година со свежа перспектива и конечно да ги реализираш сите работи кои си ги одложуваше досега.

Ова се неколку совети кои се надеваме дека ќе ти помогнат во дефинирање на новите, реалистични планови:

  • 1. Постави си реалистични цели: На лист хартија запиши неколку реалистични цели кои сакаш да ги постигнеш оваа година. Започни со мали работи, како на пример стекнување нова вештина или избирање на подобра алтернатива.

  • 2. Грижа и љубов за себе: Лесно забораваме на нештата кои нѐ прават посебни, карактеристични. Оваа година цени го секој момент и одвој миг за себе во текот на денот, без разлика колку обрвски и да имаш. Гледај филм, посети театар, готви, инспирирај, дозволи IQOS да ти биде придружник во малите нешта…најди си време за уживање и тоа без чувство на вина.
девојче држи кафе и IQOS ILUMA држач
  • 3. Со нови навики до големи промени: Во ова сме експерти и цврсто веруваме дека изборот кон подобра алтернатива придонесува за подобар начин на живот. Доколку сакаме нешто да промениме, да започнеме со мали, но конзистентни навики кои ќе го направат нашето секојдневие.

  • 4. Учи, истражувај, инспирирај: Во превод - биди храбар затоа што промената доаѓа со сознавање на нови нешта, а тоа ти помага да израснеш во личноста во која сакаш да бидеш. Заследи го профилот на iqos_mk и IQOS Makedonija и инспирирај се како да го персонализираш твојот ILUMA уред, но и да ги истражиш сите одговори на сите прашања поврзани со IQOS светот.

  • 5. Уживај во моментот: И секако не заборавај ги своите ритуали, тие те прават уникатни и посебни. Одбери барем еден ден во неделата во кој ќе направиш простор за себе и одбери ги моментите во кои ќе уживаш максимално. Велат „среќата е во малите нешта”. Така на пример, одбери омилено кафуле со омилена книга и твојот IQOS и препушти се на магичниот свет на книгата. Запомни дека ти ја создаваш сопствената среќа.

  • 6. Не плаши се од непознатото: Храброста е двигател на сите промени, сопствени и општествени. Ти биди храбар и секој ден по малку, внесувај по нешто ново. Па, така не плаши се од новата напредна технологија која ни го олеснува постоењето. Прифати ги промените и научи како новата технологија може да ти помогне во секојдневните ситуации.

За крај, запомни дека ниедна промена не се случува преку ноќ. Малите, конзистентни чекори водат до големи промени. Секој следен чекор нека биде за поедноставна, попаметна и подобра верзија од себе си во новата 2024 година.

Зграпчи го денот, зграпчи ја годината со свежа перспектива, заедно со IQOS!

Only IQOS.

Најнови новости

Нов старт со IQOS ILUMA ONE и подарок
Прочитајте повеќе
IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе