18/12/2020

Награда за најдобар мобилен сајт

Оваа година, стручното жири на изборот за „Сајт на годината“ во организација на „Media Solutions“, а поддржано од публиката, одлучи да ни даде уште едно признание во низата, со кое уште еднаш потврдивме дека сме на вистинскиот пат – да им обезбедиме на нашите корисници целосно и пријатно искуство во нивниот ритуал на уживање во вистинскиот вкус на тутун.

Сајтот iqos.mk го освои третото место за најдобар мобилен сајт за 2020 година, а беше номиниран и во категориите е-трговија и огласи, како и ИТ и електроника. Оваа награда на крајот од оваа година, потврди дека корисничкото искуство и задоволство се наш врвен приоритет уште од самиот почеток. Континуираното усовршување и работата на иновации постојано се во фокусот на нашето работење, а потрошувачите го препознаваат и вреднуваат таквиот пристап.

Иако оваа награда ја примивме со голема чест и задоволство, наша најголема награда и потврда за нашите континуирани напори за подобрување се многуте задоволни корисници на IQOS на кои им овозможуваме да уживаат во комплетното искуство.

Ви благодариме што нè препознавате.

Најнови новости

IQOS лето продолжува: Љубаништа, се гледаме од 28 до 31 август
Прочитајте повеќе
Препорачај и добиј - сега со екстра придобивки
Прочитајте повеќе
IQOS Вечер во Деус – Битола
Прочитајте повеќе
Подготви се за IQOS лето во Охрид
Прочитајте повеќе