12/04/2024

IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга

IQOS турнејата не запира со своето патување, овој пат конечно доаѓа во Охрид и Струга.

Во периодот од 15.04 до 12.05 ќе можеш одблиску да се запознаеш со нашата најнова иновација – IQOS ILUMA уредите.

Што можеш да очекуваш од IQOS турнејата? Покрај запознавањето со новите уреди, ќе имаш можност да се запознаеш со:

  • • моменталната понуда на IQOS;
  • • широкото портфолио на уреди и аксесоари;
  • • карактеристиките на секој уред, со цел да го одбереш оној кој најмногу одговара на твојот карактер;
  • • врвната корисничка поддршка;
  • • и секако, со сите услуги и привилегии од светот на IQOS.
Фотографија од знаменитостите на градот Охрид Твој IQOS. Твој Охрид

Пристигнуваме во градот на Светлината, шетајќи по најпознатата Охридска чаршија со поглед на најстарото езеро во Европа – Охридското езеро, во историски познатиот Охрид. Откриј ги IQOS партнерите, каде ќе можеш да направиш нарачка и ќе имаш можност да се запознаеш со врвната и современата технологија на IQOS ILUMA, уреди дизајнирани да ги поместуваат границите кога станува збор за искуството на загревање.

Фотографија од знаменитостите на градот Струга Твој IQOS. Твоја Струга

Како Струга, нема друга, се сложуваме? По кејот на Црн Дрим, пристигнуваме и во градот кој магично ти ја одмора душата и умот - Стружани ќе имаат можност да се запознаат со IQOS ILUMA уредите.

Дополнително, за време на посетата нашите IQOS експерти се тука да одговорат на сите твои прашања.

Тие ќе те информираат за сите тековни понуди и спецификации на уредите. Имаш прашање за карактеристиките на ILUMA или за неговите придобивки? Слободно прашај некој од експертите и тие ќе се погрижат да ги добиеш сите потребни информации за да донесеш вистинска одлука. Погледни ги локациите на нашите IQOS партнери во овие градови тука.

IQOS e уметност:

IQOS постојано ги слави креативноста и креативците. Овој пат повторно ќе имаш прилика да уживаш во магијата на визуалите креирани од страна на Сања Симоска и Сали Ертунц кои се продолжение на IQOS сложувалката која започна во бутиците во Скопје, зоната во Тетово и понатаму се реди, дел по дел, град по град. Низ цртежите доминираат мотиви од локалното поднебје и локалните знаменитости на градовите, претставени во модерни и урбани визуали.

Во твојот град сме до 12.05, затоа:

Тебе ти преостанува да го зачуваш датумот, да дојдеш и одблиску да се запознаеш со уредите, а воедно и да уживаш во IQOS дружбата во IQOS Spaces.

На овој начин ти ја доближуваме следната генерација на уреди кои ти нудат уште подобри каректеристики и максимизирање на IQOS искуството.

Без разлика дали си наш корисник или пак размислуваш да преминеш на следното ниво во иновативниот свет на IQOS, ти си повеќе од добредојден/а.

Секогаш на чекор до вас, но чекор пред сите. Се гледаме во Охрид и Струга!

Твој IQOS.

Најнови новости

Нов старт со IQOS ILUMA ONE и подарок
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе
IQOS повторно на FWSK
Прочитајте повеќе