09/02/2021

Затоа што секој момент е важен

Среќата е секогаш поголема кога се споделува, љубовта исто така. Споделуваме убави моменти, споделуваме и тага, споделуваме дел од себеси со оние кои ни значат. Да, точно ги знаеме оние луѓе на кои прво помислуваме кога ќе ни се случи нешто убаво или пак ни е тешко, оние луѓе со кои сакаме да споделиме радосни моменти и во кои наоѓаме утеха. Но, животот е она што се случува и помеѓу „големите моменти“, секојдневниот живот – бескрајните бесмислени разговори, па дури и тишината. На ваквите моменти ретко помислуваме, но тие се голем дел од нашите животи, а луѓето со кои избираме да го поминеме и времето помеѓу „големите нешта“ кои ни се случуваат се оние кои се важни.

Исто како што ги забораваме „малите моменти“, неретко забораваме да им покажеме на луѓето околу нас дека ни значат. Да, важни ни се. На било кој ден во јануари, во текот на целото лето, на првиот ден од зимата, во најздодевниот дождлив есенски ден или на денот на вљубените – важни ни се. Затоа, избираме да уживаме со нив во сите моменти и во сите денови, да ги потсетиме дека го разубавуваат нашиот живот и да им се заблагодариме што се тука за нас.

Денот на вљубените ќе го искористиме како повод, а не причина, да се заблагодариме на овие луѓе во нашите животи. Да им покажеме љубов. Да ги усреќиме. Но, овој ден нека биде повод и за сите нас повторно да се свртиме кон највредното нешто што го имаме и кое што секој ден одново треба да научиме да го сакаме, а тоа е себеси. Треба да научиме да се вљубуваме во себеси, со сите свои доблести и маани, со сето она што нè прави добри пријатели, родители, партнери, но и она што би сакале да го промениме кај себе. Треба да пронајдеме нова форма на љубов кон себеси за да може да ја споделиме со останатите.

Треба да научиме да живееме во секој момент, да уживаме во моментите на самотија, да бидеме комфорни со рефлексијата во огледалото и да се вљубиме во личноста отспротива. Да се наградиме себеси, да си кажеме дека сме завршиле добра работа, да си признаеме дека заслужуваме подобро. Од време на време да се почастиме со она парче облека кое цел месец го гледаме на излог, оној смарт гаџет за смартфонот кој долго го посакуваме или нов IQOS за да уживаме во моментите на вистинскиот начин.

На овој 14-ти февруари ви посакуваме да се љубите себеси за искрено и со полни гради да можете да ги љубите оние кои ви значат. Ви посакуваме да уживате во сите моменти онака како што заслужувате. Ви посакуваме љубов.

Најнови новости

Зимска IQOS комбинација - достапно само онлајн
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Лимитираната едиција официјално пристигна – осветли го твојот свет!
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Осветли го твојот свет со нова лимитирана едиција
Прочитајте повеќе
Секојдневни ритуали што ја прават есента посебна
Прочитајте повеќе