01/07/2024

Кул музичка авантура: Луда забава, енергични настапи и изненадувања на "Д Фестивал"

Подготвени сте за незаборавни доживувања? „Д Фестивал“ ветува возбудлив старт на летото со журки под отворено небо за кои долго време ќе се зборува.

Популарниот фестивал, кој три дена ќе го стави Дојран во епицентарот на македонската забавна сцена, ќе фузира творештво на повеќе од 50 артисти, кампинг, филмски и спортски моменти, дружење и изненадувања кои оставаат специјален отпечаток.

Микс на вибрантни енергии ќе ги понесе гостите на 28, 29 и 30 јуни покрај Дојранското Езеро, а бините ќе пулсираат од звуците и движењата на многуте изведувачи.

На главниот стејџ „Together X“ ќе фасцинира гласот на Фатумата Диавара од Мали, ќе одекне музиката на францускиот кавер бенд Nouvelle Vague, модерната трап легенда Лил Памп, македонските претставници на андерграунд сцената Луфтханза и хрватскиот хип-хоп бенд Elemental, а тука ќе ги видиме и светскиот хит-мејкер Џонас Блу, најголемото име на македонската треш-метал сцена Санаториум, техно ѕвездата Deborah De Luca, електронското трио BDM, музичката сензација Joker Out, претставничката на палестинската андерграунд сцена Сама Абдулхади, LD Pistolero, скопскиот бенд Peach Vice и британските диџеи Hot Since 82 и Џоел Кори.

Додека потскокнувате во ритамот на бројните артисти и сте понесени од фестивалската еуфорија, добивате и можност да се натпреварувате за Together X искуството во Токио, односно за шанса да го доживеете јапонскиот мегалополис со IQOS. Заинтригирани сте како?

Доколку сте регистриран IQOS корисник вие сте и дел од IQOS CLUB платформата за лојалност. Отклучете ги бројните придобивки и собирајте поени. Потоа на „Д Фестивал“, пронајдете ги тимовите на IQOS кои ќе ве упатат како преку скенирање на QR кодови и различни активности да соберете бонус поени. Па така, уживајќи и истражувајќи низ фестивалскиот терен ќе си го подобрите пласманот.

Тројцата IQOS корисници со најмногу статусни поени собрани до 1 септември ќе освојат магично патување во неповторливиот Токио!

Важна информација: Овој производ не е без ризик. Само за полнолетни.

На тридневниот хепенинг „Д Фестивал“, бината „Mosquito“ ќе биде резервирана за нов сет музички имиња меѓу кои најновата ѕвезда на српската музичка сцена Zhiva, битолските групи Фолтин и Паркети, босанскиот поп-реге бенд Zoster, костумосаните Skier and Yeti и дечките од Корпорација Вагина.

„Smooth“ стејџот ќе ги привлече и Lutke na koncu чија цел е да не згаснат песните на Kud Idijoti, македонските Црно Собрание, младиот емо бенд од Скопје Lost In Reverie, тројцата ентузијасти од Ниандра, младиот артист MC Kain, четиричлениот состав Ширшаја и прогресивниот кумановски рок бенд Nomad.

На „Lake Awake“ ќе ги видиме и српското хип-хоп трио Bad Copy, диџеите Страјк, Гоце и Чваре, Лука Чомбе, Shorty P (Панчо) и Ружно Паче.

„Bravo“ стејџ ќе ги угости диџеите Шизика, Mario Mazzola & Dyad, Anastas, Nichovska, Vikajmekaksakash, Milli, Flexify, Boko…

Во програмата на четиринаесеттото издание на Фестивалот се вклучени многу други активности, вклучувајќи преноси од Европското првенство во фудбал.

Сума сумарум, претстојниот „Д Фестивал“ сетилно ќе ве стимулира, ќе ви го задоволи љубопитството за музичко разнообразие и ќе ви даде можност да скокнете понапред во трката за Together X искуството во Токио. Дозволете му на ентузијазмот да ве надвладее и втурнете се во летната фестивалска треска.

Важна информација: Овој производ не е без ризик. Само за полнолетни.

Најнови новости

Како си поминавме на „Мало Токио” во Casa Bar?
Прочитајте повеќе
Искористи ја специјалната септемвриска понуда
Прочитајте повеќе
Какво неочекувано Together X искуство те чека?
Прочитајте повеќе
Одбројуваме до финалето за Токио
Прочитајте повеќе