24/02/2021

Добредојдовте во виртуелната IQOS ЗОНА!

Добредојдовте во новата, виртуелна IQOS зона, добредојдовте на новото, подобро, дигитално корисничко искуство!

Отсега, Вашата IQOS зона е на само клик до сите, а нашите експерти се поблиску до Вас од било кога. На долниот десен агол на нашата веб страница ќе може да го пронајдете копчето за да ја започнете вашата комуникација со нас. За целото искуство да биде на ниво кое прилега на уред каков што е IQOS, избравме да разговараме со Вас во живо, да посветиме внимание и обезбедиме личен контакт – затоа што Вие го заслужувате тоа.

Преку нашата виртуелна IQOS зона ќе имате можност да разговарате во живо со нашите експерти и да прашате сè она што Ве интересира. IQOS експертите преку видео ќе Ви ги прикажат моделите на IQOS, како функционираат и како се одржуваат. Едноставно, нашите експерти ќе Ве воведат во светот на IQOS. За искуството да биде комплетно, дополнително може да разменувате фајлови со нив, да Ви споделат екран и да Ве навигираат, или пак преку чет комуникација да размените некои информации.

Оваа виртуелна зона ќе Ви овозможи исто искуство како и на било кое друго IQOS продажно место, но од удобноста на Вашиот дом. Преку виртуелната IQOS зона, запознајте се со IQOS уредите, дознајте ја новата понуда низ „очите“ на нашите експерти, и нарачајте го Вашиот IQOS уред.

Секој ден од 09 до 21 часот, нашите експерти и целата наша IQOS зона е на Ваше располагање, а доколку во моментот агентите се зафатени или се обидувате да ги добиете надвор од предвидената временска рамка, за Вас овозможивме и опција за закажување на разговор.

Уживајте во новото виртуелно IQOS искуство, уживајте во вистинскиот вкус на тутун.

Најнови новости

IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе
IQOS пролетен квиз
Прочитајте повеќе