01/07/2024

Викендов забавата е на „Д Фестивал“ во Дојран: Што ви е потребно за незаборавно искуство?

Подгответе се за незаборавни и возбудливи моменти со друштвото и викендов поминете го на „Д Фестивал“ во Дојран - кои работи задолжително треба да ги понесете со вас и како можете да освоите патување за Токио?

Последниот викенд од јуни и годинава е резервиран за најдобриот летен, музички фестивал во Македонија, „Д Фестивал“, кој се одржува во Дојран од 28 до 30 јуни.

Не го пропуштајте овој музички спектакл, соберете го друштвото и подгответе се за возбудливи моменти и незаборавно искуство во ритамот на музиката на домашни, регионални и светски артисти.

Забавата е загарантирана, но, иако доброто расположение и позитивната енергија се задолжителни, не заборавајте дека не ви е доволно само тоа.

Ве потсетуваме на неколку задолжителни работи кои треба да ги имате со себе за на летен фестивал за максимално уживање без каење:

  • • Пријатна, но кул облека за целодневна забава
  • • Крем за заштита од сонце
  • • Капче/шешир за забава во секое време од денот
  • • Мини ранче за вашите работи кое нема да ви пречат
  • • Екстерна батерија за полнење на телефонот во секое време
  • • Влажни марамчиња за освежување
  • • Многу добро расположение

За да можете да бидете дел од забавата на „Д Фестивал“, задолжително обезбедете си ги и следниве 4 работи:

  • • Сместување во Дојран или во кампот на Д Фестивал
  • • Превоз до Дојран
  • • Влезници за фестивалот
  • • Танте картичка која е официјално средство за плаќање на фестивалот

Покрај незаборавната забава на 6 бини со 50+ музичари, камп активности и 72 часа танцување, за IQOS корисниците присутни на фестивалот, повторно ќе биде достапен и IQOS тимот, кој ќе овозможи преку различни активности и скенирање QR кодови, членовите во IQOS Club да собираат поени за IQOS Together X искуство во Токио.

За потсетување, IQOS Club e програма преку која сите IQOS корисници покрај тоа што имаат врвна корисничка поддршка, имаат пристап до ексклузивни настани и голем број на дополнителни искуства, до 01.09 може да собираат поени преку присуство на настани и различни активации и механизми, за главната дестинација: IQOS Together X искуство во Токио.

Бидете дел од „Д Фест“ 2024, „журкајте“ се и не ја пропуштајте можноста да бидете еден од тројцата IQOS корисници од нашата земја кои ќе освојат патување во Токио.

Најнови новости

Почетокот на пролетта нека биде твој Ден 1 за промена
Прочитајте повеќе
Дознај каде IQOS изненадува со нови локации
Прочитајте повеќе
IQOS со букет изненадувања за 8 Март
Прочитајте повеќе
Љубопитни и незапирливи
Прочитајте повеќе