05/08/2024

Персонализирај го твојот IQOS ILUMA

Елегантен и модерен дизајн, едноставен за користење – IQOS ILUMA уредот самиот по себе е уникатен и единствен. Но, зошто да не се обидеш преку твојот личен стил да му додадеш на уникатност, особено во текот на овие сончеви денови кои ги будат желбите за живи бои?

Веќе знаеш дека со софистицираноста и сите технички предности на уредот следуваат и IQOS ILUMA додатоците. Ние ќе се обидеме ова лето да те поттикнеме да го разубавиш секојдневието и секој нов ден да го одбележиш со по нешто ново.

Затоа ти подготвивме идеален предлог со кој можеш да се изразиш креативно и кој ќе ти овозможи да го персонализираш твојот уред во боите на летото. 🌞

Зошто силиконска футрола?

Силиконските футроли специјално создадени за IQOS ILUMA не само што го штитат уредот од удари и гребнатини, истовремено го прават поинтересен и впечатлив. Надополни го твојот стил и избери ја бојата што најмногу одговара на твојот карактер.

Нашиот фаворит за ова лето е: Citron Yellow футрола

IQOS ILUMA уред со Citron Yellow силиконска футрола

Ако сакаш уредот да го изрази твојот весел дух, тогаш Citron Yellow е вистинската боја за тебе. Оваа светла и енергична боја ќе го направи уредот уште позабележлив и поуникатен. Citron Yellow е дизајниран за оние кои сакаат да бидат поразлични и да го изразат својот весел и оптимистички дух преку својот уред.

IQOS ILUMA уред со Citron Yellow силиконска футрола

Покрај силиконските футроли, истражи ги сите дополнителни ILUMA додатоци и комплетирај го твојот summer look. 🌊

Со персонализирањето на твојот IQOS ILUMA со силиконски футроли, го изразуваш твојот стил и го чуваш уредот од секојдневни оштетувања. Што и да одбереш, сигурни сме дека ќе го пронајдеш идеалниот додаток кој ќе одговара најмногу на твојот стил.

Персонализирај го твојот IQOS ILUMA и уживај во неговата уникатност, комплетно!

Најнови новости

IQOS x Steve Aoki: Лимитираната едиција официјално пристигна – осветли го твојот свет!
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Осветли го твојот свет со нова лимитирана едиција
Прочитајте повеќе
Секојдневни ритуали што ја прават есента посебна
Прочитајте повеќе
Есента раскажана низ чаша младо вино
Прочитајте повеќе