13/09/2024

Како си поминавме на „Мало Токио” во Casa Bar?

Што го одбележа последниот ден од месец август? Прашај ги оние кои присуствуваа на незаборавниот IQOS Together X Little Tokyo настан во Casa Bar. За една вечер, на ова место оживеа магијата на Токио преку ефектните видео анимации од раздвижените улици на Токио, препознатливото јапонско суши, IQOS експерти обелечени во специјално дизајнирани и уникатно изработени „кимона” и секако преку музиката која го дополнуваше уникатниот вајб.

IQOS Together X - настан Мало Токио во Casa Bar

За потсетување, тројцата IQOS корисници од нашата земја со најмногу статусни поени собрани до 01.09.2024, ќе заминат на возбудливо Together X искуство во Токио. Една од последните прилики да се соберат дополнителни поени беше токму настанот „Little Tokyo“ во Casa Bar наменет за сите IQOS корисниците кои се дел од IQOS CLUB.

Доколку не присустуваше на магичната вечер, ние ти обезбедивме мала разгледница во која се надеваме дека ќе уживаш еднакво како присутните.

Неколку минути пред официјално да се прогласи настанот за отворен, тимот на IQOS се погрижи сите детали да ја пренесуваат магијата на истокот. Како што пристигнуваа гостите, првиот детаљ беа IQOS бренд амбасадорите кои ги пречекуваа гостите, во специјално дизајнираните креации од Марта и нејзиниот етаблиран бренд LOM. Кимоната на LOM претставуваат фузија на јапонскиот уметнички стил укио-е (анг. Ukiyo-e) од 17ти и 19ти век, односно инспирацијата од уметникот Хокусаи и неговите препознатливи бранови и тиркизно небо, како и софистицираните бои и форми на IQOS уредите.

Уметничките дела на Хокусаи изобилуваат со нијанси на сина боја, линиски движења, форми и потези со четка кои ја инспирираа Марта да ги вметне во дизајнот на крагњата од кимоното која наликува како да има сликарски потези од четка врз платното. Миксот на боите кои преовладуваат во крагњата потсетуваат на тиркизните IQOS уреди. Основата и ракавите на кимоната се изработени од нежен тиркизен сатен кој овозможува лесно и слободно движење, а истовремено изгледа елегантно и смело на женското тело. Кимоната имаат посебен сјај и чистина под неонски светла, со што ја задржуваат современата нота од темата "Little Tokyo". На задниот дел, односно на грбот, е изработен и аплициран принт кој гласи IQOS TOGETHER X со кој се надополнува естетиката на кимоната.

IQOS Together X - настан Мало Токио во Casa Bar

За момент забележавме дека Casa bar се исполни со уживателите на јапонската култура и компетитивните IQOS корисници кои во текот на настанот се потрудија да го подобрат сопствениот ранг на листата за најмногу собрани поени во IQOS CLUB и да се најдат помеѓу тројцата среќни добитници.

Веднаш по шанкот, сјајот на вечерта го одбележаа скулптурите од мраз на IQOS Together X, каде беше послужен најпознатиот јапонски традионален специјалтет – суши.

IQOS Together X - настан Мало Токио во Casa Bar IQOS Together X - настан Мало Токио во Casa Bar IQOS Together X - настан Мало Токио во Casa Bar

За дополнување на искуството за сетилата, покрај вкусните специјалитети, но и за вжештување на атмосферата се погрижија исклучителните коктел мајстори, кои подготвуваа коктели на база на јапонски џин и јапонско виски.

IQOS Together X - настан Мало Токио во Casa Bar

За спонтаните „танц” движења кои ги забележавме на подиумот се погрижија ѕвездите на вечерта – DJ Soul Case, DJ Ermillova и DJ Nastasyakish. Музиката совршено го надополнуваше расположението со темата инспирирана од Токио.

Секако, корисниците на IQOS имаа и единствена можност да ги персонализираат своите уреди со гравирање на уредот по нивен избор.

IQOS Together X - настан Мало Токио во Casa Bar

Ниту еден настан на IQOS не би бил комплетен без да се доловат уникатните моменти, па затоа и на овој настан беа поставени познатите Instagram корнери каде присутните го одбележаа своето присуство и направија ова да е уште едно навистина незаборовно IQOS искуство.

А кои се тројцата најсреќни добитници кои ќе го освојат неверојатното патување во Токио? Биди во тек со сите активности преку нашите Facebook и Instagram профили и дознај!

Најнови новости

IQOS x Steve Aoki: Лимитираната едиција официјално пристигна – осветли го твојот свет!
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Осветли го твојот свет со нова лимитирана едиција
Прочитајте повеќе
Секојдневни ритуали што ја прават есента посебна
Прочитајте повеќе
Есента раскажана низ чаша младо вино
Прочитајте повеќе