15/10/2024

Со Together X на спектакл во Токио

Наближува „прославата на деценијата“ која ќе ги спои иновацијата и заедништвото за да им подари на присутните доживотен спомен како од фантазии. Глобалниот настан IQOS Together X Sensorium на 19 октомври ќе се одржи во Токио, а тројца среќници од нашата држава ја освоија уникатната шанса да го искусат од прва рака.

Грандиозната забава, замислена како мултисензорно патување исполнето со музички истражувања, визуелни доживувања и тактилни интеракции, ќе привлече лојални корисници на IQOS од целиот свет. Заедно тие ќе искусат незаборавно стимулирање на сетилата со кое ќе кулминираат прославите по повод јубилејот – 10 години од претставувањето на IQOS пред светот.

Увертира на спектаклот во јапонскиот мегалополис кај нас беа многуте настани и активности на Together X платформата, во рамките на која регистрираните корисници на IQOS CLUB имаа можност да собираат поени во периодот од 30.05 до 01.09.2024. Крајната цел – да бидат најдобро рангирани за да освојат незаборавно доживување во Токио.

Сите учесници во забавната трка можеа и да собираат бонус статусни поени посетувајќи редица евенти. Сè започна со Together X Summer Festival во Бистро Комедија, продолжи со Неонско доживување во Intermezzo и летниот музички хепенинг Д-фестивал, а финишира со „Мало Токио”, односно оживување на магијата на Токио во Casa Bar. Овие уникатни настани креирани со „инпут“ од корисниците за корисниците го потенцираа визионерскиот дух на IQOS.

А сега, IQOS Together X Sensorium го продолжува и го носи на следното ниво изострувањето на сетилата и го редефинира поимот „забава“. Претстојат еуфорични моменти вредни да бидат споделени.

Следете ги авантурите IQOS Together X во „земјата на изгрејсонцето“ преку сторињата на Instagram профилот IQOS_MK. Очекувајте незаборавни доживувања, позитивни вибрации и отворено споделување на неповторливи искуства.

Најнови новости

Осветли го почетокот на новата година со IQOS
Прочитајте повеќе
Разговарај со IQOS на Вибер
Прочитајте повеќе
Твој IQOS, твој стил
Прочитајте повеќе
Зимска IQOS комбинација - достапно само онлајн
Прочитајте повеќе