15/10/2024

Токио нè очекува за авантура од соништата

Со нетрпение се приближуваме до врвот на нашето заедничко патување – IQOS Together X искуството во Токио!

Како дел од ова ексклузивно патување, најлојалните корисници ќе имаат уникатна можност да патуваат во една од најфасцинантните светски метрополи, градот кој претставува симбол на иднината – Токио. Со својата мешавина на традиција и ултрамодерни иновации, Токио нуди сцена каква што нема на друго место на светот.

IQOS Together X ги поврзува корисниците преку заедничка страст и модерна технологија, а во изминативе месеци имаа можност да собираат поени преку IQOS Club, платформата за лојалност и корисничко искуство, кои ги носеа поблиску во трката за Together X патување во Токио и можноста да бидат дел од главниот настан Sensorium.

Тројцата најупорни кои ќе го доживеат овој неверојатен настан ќе можат одблизу да ја почувствуваат енергијата на Токио и да уживаат во автентичните моменти на главниот настан IQOS Together X Sensorium. Местото каде IQOS заедницата ќе ја олицетвори својата големина, а токму нашите корисници ќе го доживеат неочекуваното на целосно поинаков и унапреден степен, настан кој ги предизвикува сетилата во вибрантна глобална атмосфера.

Не пропуштајте да останете во тек со нашите активности на Instagram, каде што ќе споделуваме во живо моменти директно од Together X Sensorium. Нашите учесници ќе ја пренесат целата магија на Токио – од културната разновидност и динамиката на градот, до ексклузивниот настан. Бидете дел од оваа незаборавна IQOS авантура без оглед каде се наоѓате!

Како членови на IQOS CLUB, секогаш сте дел од ексклузивните искуства и привилегии што ги креираме за вас. Продолжете да ги следите новитетите, понудите и изненадувањата кои ќе бидат достапни само за вас, затоа што заедно ја креираме иднината на алтернитивни уреди без чад. Вашата лојалност и поддршка се тие што нè водат напред.

Подгответе се за искуство кое ќе биде приказна што ќе се раскажува долго време. IQOS Together X во Токио е на чекор од нас – бидете дел од магијата!

Најнови новости

Осветли го почетокот на новата година со IQOS
Прочитајте повеќе
Твој IQOS, твој стил
Прочитајте повеќе
Зимска IQOS комбинација - достапно само онлајн
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Лимитираната едиција официјално пристигна – осветли го твојот свет!
Прочитајте повеќе