08/11/2024

Незаборавна авантура во Токио

Доживеавме незаборавна авантура во Токио! 1.600 IQOS корисници од 36 земји, на простор од 10.000 m², поделен во седум уникатни зони, специјално дизајнирани да овозможат единствено доживување кое ги буди сите сетила. Нашите IQOS корисници беа дел од најголемиот Tokyo Sensorium настан по повод 10 години постоење на IQOS.

Јапонија беше избрана како дестинација поради тоа што токму во оваа земја, пред 10 години, за прв пат беше лансиран IQOS, a Токио беше избран не само поради неговиот уникатен спој на традицционално и модерно, туку и поради тоа што е еден од најживописните градови кој совршено ја симболизира визијата на IQOS – иднина базирана на иновација, развој и напредна технологија. Благодарение на IQOS Together X платформата, тројца среќни IQOS корисници од Македонија со најмногу собрани статусни поени на IQOS CLUB ранг листата преку различни активности оваа година, добија уникатна можност да го искусат ова патувањето во Токио.

А ние, бидејќи сѐ уште сме под импресии од ова неверојатно искуство, не можеме, а да не ја споделиме магијата што ја доживеавме во градот каде што традицијата и модерното постојат во совршен баланс.

Од моментот на пристигнување, до сместување, веднаш бевме обземени од духот на градот – брзиот ритам, живописните улици и неверојатната архитектура. Токио нè дочека со отворени раце, поттикнувајќи ја нашата љубопитност и возбуда.

IQOS во Токио - калиграфија

На час по калиграфија – симбол на прецизност и трпение

Првиот допир со јапонската култура го искусивме низ уметноста на калиграфијата, каде што научивме дека секој потег на четката може да биде уметност и израз на личната енергија и концентрација. Калиграфијата ни покажа дека во Токио секој детаљ е важен и дека зад секоја линија и симбол се крие некоја приказна.

IQOS во Токио - калиграфија

Следна дестинација – Волшебните јапонски градини

Шетајќи низ јапонските градини, почувствувавме спокој и хармонија кои само овие простори можат да ги понудат. Камења, вода, мали патеки и внимателно одржувано зеленило создаваат вистинска симфонија на природа и естетика. Во тие моменти, целосно се препуштивме на убавината на природата, доживувајќи мир каков што само јапонските градини знаат да понудат.

Крстаревме во Токио – незаборавна авантура

Ноќта беше резервирана за луксузно крстарење низ заливот на Токио, каде што светлата на градот создаваа вистински сценски поглед како од филм. Од брегот сјаеја светлата на големите облакодери, додека уживавме во вкусната традиционална јапонска кујна. Ова беше вечер исполнета со моменти кои веруваме дека никогаш нема да бидат заборавени.

Туристи во големиот и неверојатен - Токио

IQOS во Токио

Истражувањето на Токио продолжи со посета на најпознатите туристички атракции, вклучувајќи ја познатата Шибуја крстосница, преполнета со минувачи; Токио кулата, која гордо се издигнува и нуди неверојатен поглед на целиот град; и храмот Сенсо-џи, каде древната јапонска духовност е сеприсутна. Секој од овие симболи на градот ни подари нова перспектива за животот во Токио и нѐ доближи до значењето на јапонската култура.

IQOS во Токио IQOS во Токио
IQOS во Токио

Спектакуларното доживување –Together X настан кој ја одбележа годината

IQOS во Токио - Together X

За крај, најдоброто. Присустувавме на еден од најспектакуларните настани во Токио. Нашите IQOS корисници уживаа во ексклузивниот настан предводен од светски познат DJ, кој успеа да го пренесе енергичниот ритам на ноќниот живот на Токио. Со динамична музика, светлосни ефекти кои ја исполнуваа просторијата, оваа вечер беше кулминација на целото Together X доживување – симбол на вечерната енергија и на целата IQOS заедница.

IQOS во Токио - Together X IQOS во Токио - Together X IQOS во Токио - Together X

Од првиот момент, градот нѐ воведе во својата магија и неодолива комбинација на традиција и модерност, покажувајќи ни дека светот има толку многу да понуди кога сме отворени за нови перспективи.

Токио нѐ потсети дека убавината лежи во деталите, а заедно со IQOS добивме можност да го доживееме тоа на еден целосно нов начин – патување кое засекогаш ќе го чуваме како симбол на културна размена, инспирација и незаборавно искуство.

Together X платформата им овозможува на IQOS корисниците да бидат во тек со најновите новости и активности, но поттикнува ѝ глобално поврзување на заедницата, овозможувајќи им на корисниците да споделат уникатни искуства и да бидат дел од ексклузивни настани.

Биди во тек со сите IQOS Together X активности, стани дел од IQOS CLUB и уживај во следните изненадувања во ист ритам!

Најнови новости

IQOS x Steve Aoki: Осветли го твојот свет со нова лимитирана едиција
Прочитајте повеќе
Секојдневни ритуали што ја прават есента посебна
Прочитајте повеќе
Есента раскажана низ чаша младо вино
Прочитајте повеќе
IQOS BLACK FRIDAY понуда која трае!
Прочитајте повеќе