12/12/2024
Светот нуди бескрајни начини за изразување на твојата уникатност, а оригиналноста започнува со персонализација на твојот IQOS.
Затоа креативноста во нашата заедница ја носиме на ново ниво.
Ексклузивно ти ја претставуваме нашата најнова соработка со македонскиот артист Dreadpen, чиишто дизајни отсега можат да се најдат на твојот IQOS уред.
Уникатните дизајни на Dreadpen се создадени со цел совршено да се вклопуваат со твојот IQOS уред и твојот стил, а истовремено да носат свежа и модерна енергија во нашата креативна заедница. Неговите дизајни можеш да ги најдеш и во лимитираниот пакет од колекцијата со специјално изработени дуксер, чорапи и стикери.
Безвременскиот дизајн го краси IQOS уште од првото претставување на уредот пред повеќе од 10 години. Сега, истата таа врвна естетика можеш да ја надоградиш уште повеќе. Буквално како што сакаш, во твој стил.
Уредот кој секојдневно нè доближува до својата цел: свет без чад, има повеќе карактеристики што го прават единствен. Покрај технолошката иновација, вистинското задоволство без чад и пепел, помалку непријатни мириси IQOS е и став. Твој стил и сопатник низ сите твои ритуали.
Оваа сабота, на 14 декември, од 18:00 до 20:00 часот, во IQOS бутикот во East Gate Mall, те очекува специјално искуство. Ќе можеш целосно бесплатно да го изгравираш твојот уред со дизајнот од Dreadpen или со нешто што те одразува баш тебе – било тоа да е симбол, бројка, датум или посебен дизајн што те инспирира.
Настанот е совршена прилика да ги искусиш сите аспекти на IQOS x Dreadpen соработката. Додека се гравира твојот уред, можеш да уживаш во добрата музика, се освежиш со специјално подготвениот signature коктел инспириран од Dreadpen. Секој што ќе купи уред на настанот ќе добие целосен пакет од колекцијата IQOS x Dreadpen – дуксер, чорапи и стикери. Не заборавај, оваа колекција е во лимитирано издание, па биди брз и осигурај го својот пакет навреме.
Нашите IQOS амбасадори те очекуваат во East Gate Mall за да ти помогнат во креирањето на твојот совршен уред. Доколку си љубопитен како изгледа процесот на гравирање, можеш да прочиташ повеќе тука или да нé следиш на Instagram и Facebook за да останеш во тек со сите актуелности и настани.
Оваа сабота те очекуваме на добра забава, креирај ја твојата нова приказна со IQOS x Dreadpen.
Твој IQOS, твој стил.