02/02/2025

5 брзи совети за максимално уживање во неделното утро

Добредојде на неделното утро. Се будиш полека, го подготвуваш утринското кафе и цел ден го поминуваш во пижами. Нема послатко! Недела е ден за одмор, релаксација и полнење енергија. Но, за многумина овој ден е само уште еден ден пред да започне работната недела. Во недела се обидуваме да постигнеме сѐ што сме го одложувале или одолговлекувале. За максимално да уживаш во секое наредно неделно утро, започни да планираш својата неделна рутина која ќе ти помогне да се чувствуваш порелаксирано, продуктивно и подготвено за неделата која ти следи.

Преку овие 5 брзи совети ќе ти помогнеме да научиш максимално да уживаш во неделниот ден без да чувствуваш притисок.

1. Буди се полека со омилените ритуали

Не постои подобар начин за пријатен почеток на денот од тоа да се разбудиш без аларм. Ова неделно утро пушти ја омилената музичка плејлиста што моментално ќе те расположи и избегни го утринското „скролање” на социјалните мрежи. Доколку сѐ уште скролаш, користи го твоето време правилно и инспирирај се на @iqos_mk. Екстра совет: секое неделно утро нека ти започнува со тематски музички „саундтрак".

IQOS уред и кафе

2. Побегни од монотонијата

Сигурно имаш рутина која не сакаш да ја прескокнеш, но сѐ останато може да почека. Ова утро започни го со специјален неделен доручек за целата фамилија или за најблиските, пробај нешто што ретко го подготвуваш и уживај во бавното утро.

3. Ден за креативност

Секој од нас е креативен, но честопати, во секојдневната рутина, не наоѓаме време за да ја поттикнеме таа страна од себе. Креативноста не мора да значи создавање ремек-дело, креативноста значи да уживаш во активност која те исполнува и ти помага да размислуваш „надвор од кутијата“. Креативноста може да се изрази на повеќе начини - води дневник, бележи ги твоите мисли и идеи или создај нешто уникатно – изработи накит, пробај DIY проект или редизајнирај стари предмети. Не се ограничувај, креативноста е токму во слободата да експериментираш и да создаваш нешто што те прави среќен/на.

4. Испланирај забавна групна „собиранка” со пријателите

Уште еден супер совет за максимално да уживаш во недела е да ја поминеш забавувајќи со пријателите. Резервирај ја недела за забавни и проактивни активности со твоето друштво. Секоја недела одбирајте домаќин кој ќе ги подготвува активностите.

Доколку ти е потребна пауза од дружење и тоа е во ред. Испланирај нешто со саканата личност или резервирај си ја вечерта за нешто во кое што ти уживаш.

5. Воведувај мали промени

Иако недела е ден за релаксација и грижа за себе, сепак дел од денот може да го посветиш и на воведување мали промени. Слушај едукативни поткасти, инспиративни говори, запишувај и истражувај сѐ што може да биде добро за тебе.

IQOS понуда

Неделното утро не мора да биде само „уште еден обичен ден“. Напротив, со мали промени и желба може да постигнеш многу повеќе и да станеш подобра верзија од себе. Инспирирај се од овие совети и подготви се за уште една успешна недела.

Започни од ден 1 и барем еден ден од неделата одвој го за мала промена. Нека IQOS биде дел од твојата промена кон подобро и започни уште сега со најновата понуда.

Најнови новости

Секој петок има своја приказна – твојата почнува на afterwork во Bonobo
Прочитајте повеќе
Промената започнува сега
Прочитајте повеќе
Нови искуства, нови моменти, нова инспирација во IQOS Spaces
Прочитајте повеќе
Осветли го почетокот на новата година со IQOS
Прочитајте повеќе