10/02/2025

На дејт со IQOS – сè се менува освен љубовта

валентајн

14 февруари – денот во кој истовремено ги славиме љубовта и виното. На овој ден секој заслужува да се забавува, да ужива во друштво на прекрасни луѓе, но и да искуси нешто ново.

Токму затоа, IQOS подготви забава, дружење и изненадувања на неколку локации ширум Скопје. Во нашите IQOS бутици во East Gate Mall и Diamond Mall, нашите тимови ќе се погрижат за сите IQOS корисници, или полнолетни пушачи кои се подготвени да направат промена, да бидат дел од интригантни активности, па доколку минуваш на овие локации, провери какви изненадувања те очекуваат.

Како член на IQOS Club, време е да направиш чекор понапред со твоето статусно ниво. Посети бутик во еден од двата трговски центри и стекни се со дополнителни статусни поени!

Во IQOS бутикот во East Gate може да очекуваш вкусни здравици за љубопитни сладокусци, односно дегустација на вино, додека во Diamond љубопитните парови ќе имаат можност да насликаат, а зошто да не и подарат уникатно уметничко дело на својот партнер. Делата создадени рачно се бесценети, зарем не?

Одбери ја локацијата која најмногу те заинтересира и посети нè. IQOS те очекува на 14 февруари од 17 до 20 часот.

Заврши ја оваа напорна работа недела и започни возбудлив викенд со комбинација од љубов и вино. Од 21 часот забавата ја селиме во BKW Hybrid Bar, каде нема да дозволиме никој да остане осамен. Дознај какви изненадувања имаме подготвено и не дозволувај други да ти раскажуваат како поминале во BKW.

Во популарниот скопски бар гостува француското DJ трио Club Roquette кои за празникот доаѓаат директно од Париз. Со IQOS и звуците на Club Roquette, забавата е загарантирана.

Закажи дејт со IQOS

Дури и да немаш никаков план овој Валентајн, ние сме тука во ниеден миг да не се чувствуваш осамено. Закажи си дејт со IQOS бидејќи секој заслужува да биде со луѓе кои го прават среќен и расположен на овој ден.

Испланирај шопинг во некој од моловите и „афтер“ во BKW каде забавата ќе ја однесеме на едно сосема ново ниво и биди сигурен дека времето нема да ти помине напразно. На крајот на денот никој не знае што ќе се случи и какви изненадувања може да се случат, бидејќи сè тече, сè се менува, освен љубовта, а тоа е нешто што секој од нас заслужува да го има во изобилство.

Учествувај на Инстаграм романтичниот предизвик

Истовремено, во тек е нашиот Инстаграм романтичен предизвик во кој можеш да добиеш романтична вечера за двајца во IQOS Space - Bonobo.

Погледни ја нашата страница на Инстаграм и земи учество со коментар под постот на кој е објавен романтичниот презвик. Секој учесник кој ќе остави коментар добива 10 статусни поени во IQOS клуб, а само еден коментар има можност по случаен избор да добие ваучер од 4000 денари за вечера во IQOS Space Bonobo.

Најнови новости

Романтичен предизвик и можност за љубовен ваучер во Бонобо
Прочитајте повеќе
Овој Валентајн започни ново IQOS искуство
Прочитајте повеќе
5 брзи совети за максимално уживање во неделното утро
Прочитајте повеќе
Секој петок има своја приказна – твојата почнува на afterwork во Bonobo
Прочитајте повеќе