07/03/2025

IQOS со букет изненадувања за 8 Март

Изненадувањето и причинувањето радост се некои од најубавите нешта кои можеш да ги направиш за луѓето што ги сакаш. Иако не мора да чекаш особен повод, поубаво е кога тоа ќе го сториш за некој важен празник, како што е 8 Март.

Денот на жената е момент во кој не смееш да пропуштиш да ја искажеш и покажеш љубовта кон дамите во својот живот, а најубавото изненадување, односно она што најмногу ќе ги израдува е секогаш поврзано со нивните интереси и пасии.

8 Март

IQOS за празникот со особено внимание кон жените

Токму затоа, овој 8 Март IQOS не пропушта да ги изненади своите кориснички со разни пригодни активности и моменти на внимание.

Нашиот IQOS бутик во East Gate Mall ги отвора ширум вратите со активности за своите корисници од 12 до 15 часот – време во кое преку интерактивност ќе биде достапна можноста да се стигне до интересни изненадувања.

Откриј кој е твојот архетип на жена со поддршка од нашиот тим на бренд амбасадори кои можеш да ги сретнеш уште пред самиот празник, во текот на оваа недела низ добро познатите IQOS Spaces или продажните експерти во East Gate Mall, или пак преку социјалните медиуми @iqos_mk.

Дополнително, во IQOS бутикот во East Gate Mall за време на Меѓународниот ден на жената ќе имаш можност за интересно сензорно искуство. Работилница во која можеш да бидеш креатор и да дадеш свој личен печат на мирисна нота за етерично масло, а базирано според својот архетип. Љубопитни?

Посети нѐ, провери што имаме подготвено и не заборавај да откриеш какви дополнителни изненадувања те очекуваат со купување на твојот нов уред или аксесоар. 8 Март

Нашите профили на социјалните мрежи ќе понудат слични активности за своите корисници, па не пропуштај редовно да ги отвораш нашите објави и да учествуваш. IQOS секогаш се грижи за своите корисници, а за девојките секогаш вложуваме и екстра труд.

Останете ни секогаш љубопитни и незапирливи!

Ваш,

IQOS

Најнови новости

Почетокот на пролетта нека биде твој Ден 1 за промена
Прочитајте повеќе
Дознај каде IQOS изненадува со нови локации
Прочитајте повеќе
Љубопитни и незапирливи
Прочитајте повеќе
Карневалска забава со IQOS во Струмица
Прочитајте повеќе