Поедноставно и почисто искуство.
„Сѐ во едно уред“
09/04/2025
Pop-up концептот станува сè поприсутен во малопродажбата ширум светот. Овој модел на привремени или мобилни продажни места им овозможува на брендовите да бидат подостапни за своите корисници, токму онаму каде што тие се движат. Наместо традиционални продавници, pop-up продажните единици се поставуваат на стратешки локации, овозможувајќи брз и едноставен пристап до производи и услуги.
Овој пристап го користат многу познати светски брендови кои отвараат pop-up бутици на сезонски дестинации, како што се скијачки центри во зима или летни одморалишта. Технолошките компании често поставуваат pop-up локации за премиери на нови производи, овозможувајќи им на корисниците да ги тестираат пред да бидат официјално достапни. Дури и гастрономските брендови, како користат pop-up кафулиња на музички фестивали и настани.
За сите IQOS корисници имаме одлична вест, IQOS ја следи оваа динамика и преку IQOS POP-UP Selling Units носи побрз и поедноставен начин за пристап до IQOS производите и услугите. Овие pop-up продажни места нудат можност да се запознаеш со IQOS уредите, да добиеш поддршка од експерти или да ги најдеш сите додатоци што ти се потребни – сè на една локација. Дополнително, персоналот на овие локации услужува и на македонски и албански јазик, овозможувајќи подобро и попријатно искуство за секој корисник.
Каде можеш да ги најдеш IQOS pop-up selling units?
Доколку сакаш да ја посетиш некоја од pop-up локациите, можеш да ги најдеш на следниве места:
VERO CHAIR (внатре во супермаркетот) – понеделник - сабота, 12:00-18:30
SARAJ MALL – понеделник - сабота, 12:00-18:30
LEDIKOM CHAIR – понеделник - сабота, 10:00-22:00
STRUGA – Пристигнува наскоро
Иако не е pop-up продажно место, вреди да се спомене и IQOS зоната во PALMA MALL, каде што исто така можеш да добиеш информации и поддршка за IQOS производите.
Овој модел на продажба на брендовите им овозможува да бидат подостапни и поблиску до своите корисници. А, во периодот што следува, можат да се очекуваат уште нови локации, затоа следи ги новостите за следните pop-up продажни точки на IQOS.