Унапредени, интуитивни, иновативни.
Поедноставно и почисто искуство.
„Сѐ во едно уред“
27/06/2025
IQOS ILUMA i PRIME и IQOS ILUMA i уредите имаат можност за паузирање — тоа е најновата иновативна функција на новите ILUMA i уреди кои ја користат нашата најнапредна технологија.
Во овој текст ќе ја истражиме оваа нова функција и сите придобивки што ги нудат IQOS ILUMA i PRIME и IQOS ILUMA i уредите.
Порано, ако некој те прекине за време на искуството, тоа значеше дека мораш да почнеш сè одново. Со опцијата за паузирање, сега можеш да го прекинеш искуството до осум минути и да го продолжиш кога сакаш. Без разлика дали некој заѕвонил на врата или треба да зборуваш на телефон, сега можеш лесно да ја активираш опцијата за паузирање преку екранот на допир.
Кои сè придобивки доаѓаат со оваа опција? Опцијата за паузирање не е само интересна поволност, туку нуди и поголема флексибилност при самото искуство.
Да започнеме со техничкиот дел - како се користи опцијата за паузирање на твојот IQOS ILUMA i PRIME или IQOS ILUMA i:
Активирање: Повлечи со прст надолу по целиот екран на допир за да паузираш. Ќе почувствуваш суптилна вибрација што означува дека паузата започнува.
Одбројување на паузата: За време на паузата, LED-светлата на екранот полека ќе се гасат, прикажувајќи го одбројувањето. Светлата се гасат движeјќи се во спротивна насока од стрелките на часовникот, почнувајќи од позицијата на 12 часот.
Продолжување: Доколку не го продолжиш искуството во рок од осум минути, држачот автоматски ќе се исклучи. Ќе почувствуваш вибрација како знак дека паузата е при крај. За да продолжиш, повлечи со прст нагоре по целиот екран.
Важно е да се каже дека кога е активирана опцијата за паузирање, искуството е ограничено на 14 последователни консумации (вклучувајќи ги сите пред и по паузата). По продолжувањето, предзагревањето ќе трае приближно 20 секунди, при што на екранот ќе се појави светлосен сигнал дека активноста завршува. Вибрација и светлосен сигнал ќе укажат на тоа дека држачот е повторно подготвен за користење.
Паузата единствено е достапна при Performance опцијата и тоа во првите три минути или осум последователни консумации од искуството. Кога ќе се активира паузата, Performance опцијата овозможува до две искуства едно по друго, но паузата е достапна само за едно од нив.
Ако се појават проблеми со опцијата за паузирање, ние сме тука да ги решиме. Најпрво, биди сигурен/a дека движењето по екранот е брзо и одлучно – секое движење побавно од 0.5 секунди нема да биде регистрирано како движење по екранот со прст.
Дополнително, ако го држиш уредот и се обидуваш само со една рака, пробај да го користиш показалецот од другата, за да бидеш сигурен дека го правиш тоа исправно.
Доколку не го продолжиш искуството во рок од осум минути, држачот автоматски ќе се исклучи.
Посети ја нашата страница со често поставувани прашања доколку имаш какви било потешкотии.
IQOS ILUMA i PRIME нуди уште функции, како што е FlexBattery опцијата, создадена да го подобри твоето искуство преку целосна персонализација.
Доколку ти е потребна дополнителна помош, слободно контактирај ја нашата служба за корисници, која секогаш е подготвена да ти помогне и да го направи твоето искуство беспрекорно и пријатно.
Искуство со иновации — откриј ги IQOS ILUMA i PRIME и IQOS ILUMA i денес.