03/06/2025

IQOS отвора нова урбана продавница во Тетово

За сите IQOS корисници имаме одлична вест, на 4 јуни, Тетово ќе добие ново современо градско катче кое нуди повеќе од концептот на стандардна продавница – се отвора новиот IQOS Store. Лоциран на ул. Маршал Тито бр.74, новиот простор свечено ќе блеснe преку IQOS TetovON – настан што ќе се одржи од 16 до 22 часот и е отворен за сите полнолетни потрошувачи кои сакаат да бидат дел од овој нов почеток.

Отворањето ќе биде проследено со неформална и пријатна атмосфера, со низа активности кои ги спојуваат уметноста, музиката и современиот градски стил. За добриот звук ќе се погрижат DJ Nikk, Blepertace и DJ Oki Doki, а во истиот дух, локален коктел мајстор ќе подготвува освежителни коктели, придружени со мала закуска – за вистинско уживање во вечерта

Во текот на настанот, ќе се реализира и создавањето на муралот „IQOS TetovON“, дело на тетовскиот графити артист ESIEM, кој ќе го обои излогот на продавницата со препознатлив визуелен израз што го одразува духот на градот. Истовремено, фотографот Rick Alimi ќе биде присутен со цел да ги долови најинтересните моменти од атмосферата и да овековечи дел од урбаната енергија.

Под темата TetovON, IQOS ги изненадува своите корисници со нова локација, а и дополнителни изненадувања кои за првпат ќе бидат претставени на 4ти јуни.

Со оваа нова локација, IQOS создава простор кој не е наменет само за корисничко искуство, туку и како современ простор за локални работилници и иницијативи кои се предвидуваат за летниот период со цел целосно искористување на креативниот потенцијал во IQOS заедницата.

Ве очекуваме на незаборавна забава со многу изненадувања!

Најнови новости

Охрид e подготвен за љубопитно лето
Прочитајте повеќе
Наскоро новите IQOS ILUMA i кај нас – Curious?
Прочитајте повеќе
Дочекај го летото со нов IQOS пакет
Прочитајте повеќе
Молекуларна миксологија со IQOS во East Gate Mall
Прочитајте повеќе