09/07/2025

Спектакуларно претставување на новите IQOS ILUMA i

Формулата за успех велат е испреплетена равенка, но како главна состојка е дефинитивно постојаната пасија за новитети и иновации, возбудливи и авантгардни искуства. IQOS секогаш се води по овие начела, а ако присуствуваше на претставувањето на новите IQOS ILUMA i, тогаш знаеш дека ваквиот опис е дури и малку за она што се случуваше во четвртокот во Roosty.

Направивме настан кој до сега не е виден кај нас - историски спектакуларна забава на која новите IQOS ILUMA i уреди го добија своето внимание под блесокот на рефлекторите. Ако не беше таму и сакаш да знаеш каква беше атмосферата, овој текст е за тебе.

iluma-i

Музика и интерактивни зони во знакот на IQOS

На самиот почеток, во 20 часот, легендарниот DJ Гоце САФ го започна настанот со одлична музика. Гостите кои пристигнуваа беа пречекани со чаша просеко, а просторот на новоотворениот локал и IQOS Space Roosty бргу се исполни и атмосферата беше на одлично ниво.

Секој посетител имаше можност да ужива во одличниот ритам на DJ Гоце САФ, но и да посети една од трите интерактивни музички зони.

Првата зона беше посветена на „Pause and Pose“, односно автоматскиот фотоапарат прави фотографија во моментот кога музиката престанува додека учесникот (или учесниците) танцуваат на мелодијата. Комбинацијата од насмевки и разиграност создаде прекрасни спомени кои ќе траат засекогаш.

Втората зона откри колку многу музички потенцијал имаат нашите корисници. Тука посетителите можеа да компонираат свои мелодии користејќи „семплер“. Креираните мелодии докажаа вистински скриени таленти.

И, третата зона беше посветена на IQOS Curious X активностите. Секој посетител имаше можност на лице место да преслуша дел од двете македонски мелодии кои Александра Јанева и нејзиниот тим ги преработија во нови и модерни композиции и да гласа за една од нив. Онлајн гласањето сè уште трае, а по завршувањето, победничката нумера ќе добие целосен „makeover“, односно нов аранжман, музика и видео запис. По гласањето секој добиваше вибер порака и можност да игра „scratch the card“ во IQOS CLUB каде главната награда е ваучер за нов IQOS ILUMA i.

iluma-i

Спектакл од светски размери на промоцијата на IQOS ILUMA i

Следно на агендата беше главниот миг кој ги шокираше сите присутни, но и обичните минувачи во тој дел од градот, секако, кажано во позитивна смисла. Музиката се изгаси, а на небото се издигнаа 150 дронови кои го испишаа името на новите уреди - IQOS ILUMA i.

Веднаш потоа се спуштија и завесите на четвртата зона каде за прв пат посетителите можеа да ги видат новите уреди кои официјално ќе бидат комерцијализирани на нашиот пазар на 09.07.2025. Во истиот простор се отвори можноста продажните експерти да одговорат на сите прашања и ги откријат сите информации за новата серија уреди, а се разбира најљубопитните корисници ја имаа ексклузивноста да бидат меѓу првите што сега поседуваат уред од новата ILUMA i серија. Откако дроновите ја забавуваа публиката и направија невиден спектакл на небото над Скопје, се спуштија назад, а забавата ја продолжи Александра Јанева со својот бенд во живо.

Вечер исполнета со позитивна енергија и феноменална музика

Александра Јанева ја презеде сцената со својот моќен глас, но не пропушти прилика на присутните да им ги претстави и двете композиции за коишто може да гласаш на IQOS Curious X платформата.

Старите македонски традиционални нумери, „Ми подаваш рака“ и „Сè што сакав“ во нејзина изведба може да добијат целосно нова преработка и да звучат модерно. Сепак, само една од нив ќе биде преработена, а тоа ќе биде песната која ќе биде победничка, односно повеќе луѓе ќе гласаат за неа.

Присутните на настанот имаа можност во живо да слушнат како би изгледале песните кои Јанева и нејзиниот тим, а поддржани од IQOS, ќе бидат преработени и ќе звучат реално.

Откако Александра Јанева го заврши настапот, на сцената следуваше уште едно име кое е одлично познато на македонската публика, а кое најдобро го претставува традиционалниот македонски мелос во светот - Кирил Џајковски заедно со својот бенд.

Присутните беа веќе одлично расположени, па Roosty веднаш се претвори во диско подиум, каде што апсолутно секој се забавуваше и танцуваше на заразниот ритам на Кирил Џајковски, а секој што еднаш бил на неговите настапи, знае како може тоа да изгледа.

Погледни информации за новите IQOS ILUMA i

Доколку сето ова те заинтригира, погледни ја страницата посветена на IQOS ILUMA i. Откриј ги сите информации преку оставање на своите податоци за да те исконтактираме и да бидеш меѓу првите кои ќе може да нарачаат уред од новата серија на IQOS ILUMA i уреди.

Останете љубопитни.

iluma-i

Најнови новости

Како работи опцијата за паузирање на новите IQOS ILUMA i
Прочитајте повеќе
Запознајте ја најновата функција на IQOS ILUMA i: Екран на допир
Прочитајте повеќе
Што е и како работи FLEXBattery функцијата на IQOS ILUMA i
Прочитајте повеќе
Охрид e подготвен за љубопитно лето
Прочитајте повеќе