Унапредени, интуитивни, иновативни.
Поедноставно и почисто искуство.
„Сѐ во едно уред“
22/07/2025
Музиката од минатото буди спомени и инспирација во нас, особено кога станува збор за певливите ноти на старите македонски евергрини. Ова лето, нашиот втор соработник во рамките на IQOS Curious X платформата, Александра Јанева има интересен предизвик, а тоа е трансформација на два добропознати македонски евергрини. Инспирирана од традиционалното, таа ги преработи во нови модерни верзии со целосно редефиниран, модерен звук, но само една од нив ќе добие целосна преобразба. Како ќе дознаеме која ќе биде победничката песна?
На страницата на IQOS Curious X можеш да гласаш за една од двете песни - „Ми подаваш рака“ и „Сè што сакам“. Преслушај ги, регистрирај се со својот телефонски број и гласај за песната која повеќе ти се допаѓа и сакаш да ја видиш со целосен аранжман, музика, текст и видео спот и која многу веројатно ќе биде новиот хит што ќе донесе свежина во етерот.
Гласањето е веќе отворено, а секој регистриран корисник што ќе гласа ќе добие 10 IQOS статусни поени и некоја од одтанатите IQOS Curious X награди, но, исто така, ќе биде дел од целокупната приказна и ќе помогне во редефинирање на македонска музика во нешто ново и модерно.
Curious X e платформа која ги редефирнира традиционалното во модерно, во полето на дизајн, музика и уметност и создава нови модерни дела кои го оживуваат минатото и го трансформираат старото во ново.
По успешната дизајн приказна со Dreadpen и редефинирање на традиционалниот македонски вез, сега Александра Јанева во соработка со IQOS нè потсетува на две македонски популарни песни од минатиот век кои ќе добијаат целосен „makeover“.
Дали си љубопитен која песна ќе победи? Гласај и помогни во изборот.
Curious?