25/07/2025

Каде е ритамот на летото во Охрид?

Охрид секое лето плени со својата безвременска убавина – калдрмата, езерските бранови, пријатниот чист воздух и звукот на добра музика во доцните часови. Но оваа година, охридскиот летен репертоар добива нешто ново – изненадувања, и нови настани што го кршат шаблонот на „веќе видено“.

Ова лето, IQOS внесува нова динамика во Охрид и Струга – настани, изненадувања и искуства што ќе траат до самиот крај на сезоната. Сè уште не е откриено сè, но едно е сигурно: најдоброто допрва следува.

Време и место: 25.07.2025 – Harbour Club Охрид, 21:00 часот: местото каде СÈ ќе се случува

Во петок, 25 јули, Harbour Club ќе го пречека официјалното претставување на унапредените IQOS ILUMA i уреди во Охрид – уреди што ја носат технологијата на ново ниво и истовремено го почитуваат стилот и минимализмот што ги бара современиот корисник.

Настанот ќе биде сè, само не обичен – туку креирано летно искуство со внимателно одбран амбиент, гости, вкус и звук. Во центарот на вечерта – настапот на Александра Јанева, артист кој преку платформата Curious X ја носи традицијата во нова светлина.

Нејзиниот грациозен вокал дава нов живот на безвременските евергрини! Вечер која не се пропушта. Вечер каде секој детаљ зборува за префинетост.

Ако планирате каде да излезете на 25-ти – Harbour Club треба да биде вашиот прв избор.

Не само што ќе бидете дел од ексклузивен launch, туку и од вечер полна со инспирација и нови приказни. А едно е сигурно, IQOS забавите се оние кои се посебни и уникатни, забави кои долго се паметат и се едно целокупно доживување.

Што е Curious X и зошто да бидеш дел од оваа приказна?

Curious X е платформа на IQOS што ја слави традицијата на нов, модерен начин. Тоа е место каде познатото добива свеж звук, каде што културата не се заборава – туку се реосмислува.

Ова лето, Curious X ја претставува Александра Јанева – која носи сосема нова верзија на добро познатата традиција. А публиката има главна улога – гласањето за омилената редизајнирана песна е во тек и трае до 30.07.2025.

Значи, твоето мислење вреди – приклучи се и гласај!

Повик до љубопитните, софистицираните и оние што сакаат повеќе

Ова лето нека биде различно. Не само плажа, не само ноќни прошетки – туку вечери кои инспирираат и остануваат.

Следете го профилот @iqos_mk за да бидете во тек со сите настани, искуства и изненадувања што IQOS ги подготвува до крајот на летото.

А на 25-ти – дозволете си вечер која го слави напредокот, стилот и звукот. Harbour Club ве очекува.

Вистинскиот летен feeling – сè на едно место!

Најнови новости

IQOS лето продолжува: Љубаништа, се гледаме од 28 до 31 август
Прочитајте повеќе
Препорачај и добиј - сега со екстра придобивки
Прочитајте повеќе
IQOS Вечер во Деус – Битола
Прочитајте повеќе
Подготви се за IQOS лето во Охрид
Прочитајте повеќе