28/05/2021
Една година заедно, ајде да прославиме!
На 26-ти мај минатата година, IQOS за прв пат дојде во Македонија. Со самото негово лансирање се воведе и цела нова категорија на производ на пазарот, подобра алтернатива и подобра иднина, без чад, оган и пепел.
Промената наречена IQOS, се заснова на уникатната HeatControl технологија со прецизно контролирана температура, која осигурува тутунот никогаш да не гори. Наспроти тоа, тутунот се загрева на оптимална температура до 350 °C, овозможувајќи постојан вкус.
Во оваа прва година, главни диригенти на нашата приказна се уредите IQOS 3 DUO (достапен во Warm White, Brilliant Gold, Velvet Grey и Stellar Blue) и IQOS 2.4 Plus (достапен во White варијанта).
Надополнети со нашата линија на IQOS додатоци за персонализација, која вклучува разнобојни капачиња за држач на патрони и капачиња за полнач за IQOS 3 DUO, како и капачиња за IQOS 2.4 Plus уредот. Во нашето портфолио нудиме и заштитни футроли од различни материјали кои овозможуваат целосна заштита за Вашиот IQOS уред.
Целиме да сме поблиску до Вас и да Ви помогнеме при изборот на својот прв IQOS. Затоа, нашите производи секогаш се достапни, 24/7, на iqos.com каде можете да ја создадете совршената комбинација на IQOS и додатоци во Ваш стил.
Нашата приказна ја започнавме во Скопје, со отварање на IQOS зоните во Skopje City Mall, Ramstore Mall и Capitol Mall, каде нашите експерти можат да ги одговорат сите Ваши прашања поврзани со IQOS.
Во февруари годинава ја отворивме и нашата Виртуелна IQOS зона, во која нудиме единствено дигитално искуство за сите заинтересираните полнолетни пушачи, каде можат да комуницираат во живо со нашите продажни експерти од удобноста на својот дом.
Следејќи ги Вашите потреби, денес IQOS е достапен и кај повеќе наши IQOS партнери: Градско Тобако Скопје, Павел Тобако Куманово, Нептун Тетово, Кафе Кафе Тетово, Тобако Плус Прилеп и Сити Поинт Штип. Покрај нив, отворивме и мобилна IQOS зона, која беше присутна во Охрид и Скопје, а во моментов е активна во Прилеп.
Целиме да сме поблиску до Вас и кога станува збор за поддршката која Ви е потребна потоа. Покрај на нашиот бесплатен телефонски број, нашата корисничка поддршка ја нудиме и на социјалните мрежи, каде секојдневно 24/7 градиме врска со нашите корисници на Facebook, Instagram и YouTube.
Секојдневно се зголемува и содржината на нашиот најинтересен дел на нашата веб страница, на која сите наши IQOS корисници можат да ги споделат своите искуства и препораки преку IQOS Stories.
Најново во оваа прва година, ни е можноста за пробување на IQOS на 14 без надомест, за сите заинтересирани полнолетни пушачи кои сакаат да се уверат во сите бенефити кои овој производ без тутунски чад ги носи.
Прва, ама успешна!
Продолжуваме заедно кон нови предизвици, постигнувајќи ја единствената цел - иднина без тутунски чад.
Секој момент е важен, а овој го славиме заедно!
Вашиот IQOS тим.