16/10/2025

Seletti во соработка со IQOS: Храбриот дизајн го надополнува иновативното задоволство

Смела креативност. Храбар дизајн. Непогрешливо Seletti. Возбудливиот и иновативен италијански бренд за дизајн кој ги реосмислува секојдневните предмети како ламби, огледала, чинии, шолји и чаши, започнува соработка со IQOS.

Оваа статија ќе ви покаже зошто оваа соработка е толку извонредна.

seletti

Вовед во SELETTI: Каде што дизајнот се осмелува да биде различен

Seletti никогаш не бил „обичен“ бренд. Од 1964 година, ова име стана синоним за пробивање на границите на нормалното, за дрскост и за смелост. Од вазни во форма на срце до мајмуни што држат ламби – секојдневието добива сосема нова димензија со Seletti.

На чело, секако, е Стефано Селети, визионерот што ја турка својата филозофија на (Р)еволуција – постојано да се рушат старите шеми и да се создава нешто што никој досега не го видел. Понекогаш со возбудливи иронични пресврти а понекогаш со избор на неочекувани материјали, Seletti постојано редефинира што дизајнот навистина е.

Тој вели „(Р)еволуцијата е нашата примарна филозофија која прави да размислуваме на поинаков начин. Токму таа ни овозможува да создадеме нови продукти. Креативноста е всушност иновација. Секогаш мора да правиме нешто што другите не го сториле пред нас. Предметите не се поубави или погрди - тие се само различни. Тука имаме заедница со која комуницираме секојдневно и преку целата година, тоа е како една голема фамилија“.

Зошто SELETTI x IQOS? Заедничка љубов кон смелата експресија

Што се добива кога ќе се судрат креативната дрскост на Seletti и технолошката иновација на IQOS? Се добива колаборација што слави слобода, изразување и дизајн што не признава граници.

И двата брендови го делат истиот дух – да не следат трендови, туку да ги поставуваат. Seletti ги менува нормите на дизајнот, а IQOS ги редефинира правилата преку технологија без чад. Заедно, тие не нудат само нов производ, туку едно цело искуство.

Она што навистина ги обединува е длабоко вкоренетата верба во иновација која има цел – таму каде што дизајнот и технологијата не застануваат на функционалноста, туку ја будат емоцијата. Seletti и IQOS ги бришат тенките линии меѓу уметноста и корисните функции, обликувајќи смели и неконвенционални креации што им шепотат на љубопитните, на оние што се осмелуваат да го гледаат светот со поинакви очи.

Тие ја слават естетската провокација, но истовремено ја ценат и подлабоката поврзаност што доаѓа преку раскажување приказни со јазикот на дизајнот. Секое парче на Seletti носи доза на иронија, изненадување и значење. Секоја иновација на IQOS е поттикната од желбата да понуди нешто поубаво, поиновативно и порафинирано.

Обата бренда веруваат во создавање мултисензорни искуства што ја разгоруваат имагинацијата и започнуваат разговори. Тие не следат трендови, туку самите ги создаваат. Со оваа соработка, те канат во свет каде што креативноста и задоволството одат рака под рака, а љубопитноста не е само добредојдена – таа е вистински прославена.

Сетилно деби: IQOS Curious x Sensorium Piazza на Милан Design Week 2025

Соработката беше претставена на Милан Design Week 2025 со IQOS Curious x Sensorium Piazza – мултисензорен простор во кој дизајнот оживува преку боја, звук и интеракција.

Посетителите влегоа во свет каде што се мешаат скулптури, дигитална уметност и неочекувани материјали – како сон во кој секој детаљ е режиран да ја разбуди љубопитноста. Таму Seletti го внесе својот провокативен визуелен јазик, а IQOS ја додаде својата елегантна, модерна линија.

Секој агол носеше изненадување, секое парче повикуваше на интеракција. Тоа беше простор што ја избриша границата меѓу производ и уметност, меѓу рутина и ритуал, претворајќи ја љубопитноста во вистинско патување.

Ова не е обична колекција. IQOS ILUMA i x Seletti Limited Edition е смела фузија на иновација и креативност, каде блескави златни детали трепкаат врз длабоки црни површини, а впечатливиот дизајн се спојува со нашата подобра алтернатива.

Дизајнот игра помеѓу неочекуваното и впечатливото – од смелиот зиг-заг мотив присутен и на уредите и на додатоците, што одекнува со динамика без правила, до надреалното пакување кое личи на конзерва сардина, преосмислено во предмет достоен за колекционери. Тој е разигран, провокативен и без срам различен.

Ова не е само уред. Ова е сетилна прослава каде дизајнот се судира со нарушувањето на нормите, а уметноста и задоволството зборуваат на ист јазик. Ограниченото издание сè уште не е достапно – но љубопитноста расте сè побрзо.

Љубопитни за повеќе?

Ова ограничено издание сега е достапно и кај нас. Тоа е колекција чиј спој на смел дизајн и иновација сакате да го видите (и допрете) и самите. Пронајди го најблиското IQOS продажно место или нарачај онлајн.

Најнови новости

Шанса што не се пропушта
Прочитајте повеќе
2026 It’s On
Прочитајте повеќе
Заедно создаваме иднина без тутунски чад
Прочитајте повеќе
Прослави ги моментите: Креативни приказни со IQOS Curious X
Прочитајте повеќе