Унапредени, интуитивни, иновативни.
Поедноставно и почисто искуство.
„Сѐ во едно уред“
05/11/2025
Никотинските ќесички се алтернатива без чад за оние што сè уште пушат. Тие не содржат тутун, туку никотин што се добива директно од растението тутун, заедно со внимателно избрани вкусови.
Се користат орално – така што ќесичката се поставува помеѓу горната усна и непцето, а никотинот постепено се ослободува во текот на околу 30 минути. Со оглед на тоа што нема согорување, користењето не создава чад, непријатен мирис или пепел. Тоа е и една од главните причини зошто некои возрасни пушачи се префрлаат на производи без чад, како што се никотинските ќесички кои нудат никотинско искуство без чад.
ZYN ќесичките постојат во различни формати и јачини на никотин, зависно од тоа какво искуство сакаш – понежно и избалансирано или посилно и поинтензивно.
Возрасните лица кои првпат пробуваат ZYN, вообичаено избираат варијанта што полека го ослободува никотинот и нуди помирно чувство. За поискусните корисници има посилни варијанти, со поинтензивен вкус и арома, што создава подлабоко никотинско искуство.
Една ZYN кутија содржи 20 никотински ќесички. Секоја од нив е запечатена, а под етикетата има мала преграда за складирање на искористените ќесички. Белите кутии содржат помали ZYN ќесички кои даваат поблага сензација и избалансиран вкус, додека обоените содржат варијанти со поинтензивен вкус и посилно дејство.
1. Ќесичките се за еднократна употреба и не треба да се користат повторно.
2. Не треба да се џвакаат.
3. Користи ги веднаш по вадење од кутијата.
4. Не ги користи ако изгледаат оштетени, различни или скршени. Ако ќесичката се оштети за време на користење, веднаш прекини со употребата.
Обично околу 30 минути, во зависност од јачината и вкусот што си го избрал.
Ако случајно се проголта, веднаш побарај медицинска помош. Ќесичките можат да претставуваат ризик од задушување, затоа секогаш чувај ги подалеку од дофат на деца. Ако дете ја искористи или проголта ќесичката, веднаш побарај лекарска помош.
Не. Тие се наменети само за еднократна употреба. Кога ќе ја ставиш меѓу усната и непцето, таа постепено го ослободува никотинот. По околу половина час, вкусот и никотинот ќе бидат целосно потрошени и ќесичката треба да се извади и фрли.
Во Република Северна Македонија нема закон што забранува користење никотински ќесички во затворени простории. Сепак, одредени компании може да имаат свои внатрешни правила, па најдобро е да провериш пред употребата.
ZYN ќесичките имаат рок на траење до 12 месеци од датумот на производство, кој е наведен на кутијата. Датумот на рокот на траење се наоѓа на дното. Чувај ги добро затворени за да не се исушат, подалеку од деца и животни, на ладно и суво место. Нема потреба да ги чуваш во фрижидер или замрзнувач.
ZYN кутиите имаат специјална преграда во капачето за привремено складирање на искористените ќесички. Тоа им овозможува на возрасните корисници да ги чуваат додека не најдат соодветно место за нивно отстранување.
Рециклирањето на ZYN кутиите помага да се намали отпадот и да се заштити животната средина. Провери ги локалните правила за рециклирање за да дознаеш како правилно да ја рециклираш кутијата. За повеќе информации, погледнете го водичот „Како правилно да ја отрстраниш ZYN кутијата“.