06/02/2026

IQOS и Велес во ист ритам

Велес има свој посебен ритам со стрмни сокаци и народ кој знае како да се забавува. Токму затоа, доаѓањето на IQOS oдлучивме да го направиме онака како што му доликува на градот.

Спремни сме за акција. Veles, It’s On!

Отворањето на новиот, специјализиран IQOS простор во Велес го одбележуваме со настан за сите полнолетни потрошувачи кои сакаат да видат нешто свежо во својот град. Затоа, резервирај го попладнето на 12.02.2026 во 16 часот, ул. Благој Ѓорев бб, локал 69.

Veles it’s on

За тоа ќе се погрижи DJ Popeye со хип-хоп сет, а за да биде уживањето комплетно IQOS Space Baretto ќе биде задолжен зa сетилно искуство со specialty пијалак. Дали си за попладневно кафе или сакаш да наздравиш со коктел за новиот почеток? Те чекаме!

Велешка уметност во IQOS стил

IQOS и уметноста отсекогаш оделе заедно. Додека трае дружбата, излогот на новата продавница ќе стане канвас. Дејвид Стоилковски ќе создаде дело што ќе го одразува духот на Велес преку модерен, урбан визуелен јазик. Еден обичен стаклен излог ќе се трансформира во уметничко дело инспирирано од Велес.

Твојот IQOS, сега е во твоето маало

Целта ни е да сме поблиску до тебе, па затоа нашите експерти ќе бидат тука за да одговорат на сите прашања. Ако си IQOS корисник и сакаш да споделиш искуство или пак да поставиш прашање за карактеристиките на IQOS уредите и неговите придобивки, експертите се тука за тебе. Ако пак си полнолетен пушач и размислуваш за промена, ова е идеалниот момент да видиш каков е и како функционира светот на IQOS.

Информации за отварањето на новиот IQOS Boutique во Велес

Дојди да го прославиме новиот почеток и да уживаме во музиката додека Велес добива уште едно кул место на својата мапа.

Обележи си го денот, собери го друштвото и помини.
Ние те чекаме со добра енергија.
А за сите новости и дополнителни информации околу настанот, следи нè на @iqos_mk.

Се гледаме во Велес!

Најнови новости

Шанса што не се пропушта
Прочитајте повеќе
2026 It’s On
Прочитајте повеќе
Заедно создаваме иднина без тутунски чад
Прочитајте повеќе
Прослави ги моментите: Креативни приказни со IQOS Curious X
Прочитајте повеќе