Унапредени, интуитивни, иновативни.
Поедноставно и почисто искуство.
„Сѐ во едно уред“
13/02/2026
Честопати мислиме дека за 14-ти февруари или Valentine’s Day ни треба „големо сценарио“.
Мажите знаат да влезат во тој еден магичен круг на стресно планирање – од избор на вистинското место, до ситните детали - само за на крајот да сфатат дека највредното нешто е всушност она што не се купува: добрата енергија и опуштен разговор. И нели е навистина така?
Постои една фаза во животот на секој маж кога февруари изгледа како еден вид стратешки тест. Помнам како порано, пред десетина години, целиот концепт на „Денот на вљубените“ ни беше некако форсиран, речиси малку вештачки.
Се тркавме со времето за да најдеме маса во преполн ресторан каде што музиката е прегласна, купување цвеќе во последен момент во гужвата на Цветен пазар, срциња и пропратни детали.
Но, некако сега ми е поинаква идејата за како треба да изгледа една убава романтична вечер.
Низ годините научив дека најдобрите моменти не се оние што се совршено изрежирани.
Тоа се оние „тивки“ моменти кога телефоните се настрана, добра музика оди во позадина, а вие сте едноставно присутни тука и сега.
Во овој мој свет на поедноставени, но поквалитетни навики, IQOS стана мојот дискретен сопатник. Како спој на иновација и елеганција, тој ми овозможува да останам доследен на моите ритуали на еден многу посуптилен и помодерен начин.
На крајот, поентата на овој февруари е токму во тоа - да си го подариме она што е највредно. Чиста емоција, квалитетно време и моменти во кои и двајцата ќе се чувствуваме пријатно. Бидејќи кога имa љубов и спокој, сè друго си доаѓа на свое место.
Оваа година, направете простор за повеќе уживање во заедничките мигови.
Love it's on - За него, за неа, за нас!
Одберете идеален подарок за неа или за него на: mk.iqos.com