29/04/2026

Авантурите од соништата се многу поблиску со IQOS

„Авантури од соништата“ ти даваат можност да зачекориш во една од петте неповторливи авантури, секоја осмислена да ја преточи љубопитноста во совршено живописна приказна која ќе биде едно твое ново незаборавно искуство.

авантура

Кои се 5-те авантури од соништата?

Пет незаборавни и неповторливи авантури од кои можеш да бидеш дел и ти! Секоја од нив, создадена да ја претвори љубопитноста во незаборавно искуство. Тие не се само обични патувања, туку и уникатни доживувања и моменти каде што емоцијата, возбудата и откривањето на нови нешта се спојуваат во едно.

Челична трка на брегот од Португалија

Тркај се таму каде што градот се спојува со морето, а брановите удираат по брегот на Португалија. Како на видео игра од деведесеттите, искуси ја во живо комбинацијата од возбуда, брзина и спектакуларна панорама пред себе. Ова искуство е создадено за љубопитните кои сакаат адреналин по нови патишта.

Ритам под нулата во Словенија

Влези во глечерска катедрала во Словенија и слушни како мразот „пее“. Искуси го националниот парк Триглав во својата автентична форма, но дополнително задоволи ја својата љубопитност и провери како дигиталниот звук може да звучи кога одекнува од пештерските глечери. Овој несекојдневен концерт речиси сигурно нема да може да го доживеете по втор пат.

Полноќна илузија во топлиот Мароко

Доживеј уникатно музичко искуство испреплетено со жешките ноќи на сахарската пустина. Огнот, басот и соништата на учесниците ќе се издигнат над песокот во оваа ноќ, создавајќи спектакл од ритам, културни доживувања и нови длабоки искуства.

Карневалот од соништата низ улиците на Цирих

Биди во центарот на град кој танцува во ритам на музиката и енергијата. Цирих е во срцето на Европа каде урбаниот дух е сосема поинаков. Биди сведок на тоа како градот станува сцена каде што секој момент се засилува атмосферата и прераснува во искуство за оние коишто сакаат движење, звук и поврзаност со светот.

Симфонија од соништата во прекрасниот Сеул

Биди дел од нешто невидено досега во светот на музиката и концертните случувања. Уникатно sleep-in искуство и присуствување на изведба на симфониски оркестар, но под услови кои никогаш не си ги искусил.

Ги исполни условите? Приклучи се на настанот!

Ако си дел од нашите корисници кои ги исполнија условите за учество во програмата, ќе добиеш линк во порака со кој ќе можеш да ги следиш настаните онлајн. Не пропуштај! Можеби ти си еден од оние кои ќе имаат прилика да отпатуваат на една од 5 дестинации и доживеат незаборавно искуство!

Првиот настан ќе се одржи онлајн на 29 април, а твоја влезница е линкот кој го доби во порака. Додека вториот настан, големото финале се случува на 5 мај за кој исто така ќе ти испратиме линк во порака, а ќе имаш и можност да дојдеш во живо да присуствуваш на настанот.

Љубопитен?

Твој,
IQOS

Најнови новости

Како до возбудливото 48 часовно патување со IQOS?
Прочитајте повеќе
Биди во постојано движење со IQOS ILUMA i UNLOCK Limited Edition
Прочитајте повеќе
Освој 48 часа незаборавно возење
Прочитајте повеќе