17/09/2026
Една нова приказна инспирирана од модата, наследството и атмосферата што ја носи еден од препознатливите симболи на градот се подготува во Скопје.
Во годината кога брендот Кокев одбележува 20 години, IQOS x KOKEV започнуваат соработка која ќе кулминира со посебна модна вечер на Камениот мост.
Инспирацијата за оваа приказна се движи во духот на old money естетиката препознатлива за визуелниот израз на Кокев што не се потпира на минливи трендови, туку на префинетост, карактер и внимание кон деталите.
А локацијата не е случајна. Камениот мост, со својата вековна историја и препознатливата архитектура, ќе стане дел од визуелниот јазик на вечерта. Неговата безвременост создава природна врска со концептот што се подготвува - спој на наследство, елеганција и моден израз.
Во приказната свое место имаат и пауновото перо, лебедот и рисот. Како симболи на убавина, префинетост и моќ, тие се дел од визуелната инспирација зад колекцијата и своевидна референца кон препознатливата естетика на Кокев - доследност, издржливост и верност кон сопствениот визуелен потпис.
Во меѓувреме, во ателјето Кокев се кројат креациите за оваа пригода. Идеите, материјалите, формите и деталите постепено ја добиваат својата конечна форма.
Новата перспектива што ја носи оваа соработка е и она што го движи креативниот процес. Инспирирана од трите уреди од линијата IQOS ILUMA i, Тања Кокев подготвува три различни креации во кои нивните карактеристики ќе ги преведе низ својот дизајнерски израз. Три модни интерпретации, секоја со сопствен карактер, кои ќе бидат дел од приказната на IQOS x KOKEV.
А токму процесот од инспирација до креација е она што ја прави подготовката посебна. Инспирацијата прво постои како идеја, потоа се крои, се обликува и на крај станува нешто што може да се види.
IQOS x KOKEV. Нешто се крои во Скопје. А ова е само првиот дел од приказната.
IQOS x KOKEV е креативна соработка што ги поврзува светот на модата со визуелниот јазик на IQOS, преку приказна инспирирана од дизајнот, деталите и естетиката.
Соработката започнува од заедничка инспирација и идејата познатите елементи да добијат нова интерпретација. Во рамките на приказната, трите уреди од линијата IQOS ILUMA i се преточени во три различни модни креации.
За оваа соработка се подготвуваат три креации, инспирирани од трите уреди од линијата IQOS ILUMA i. Секоја од нив има сопствен визуелен карактер и интерпретација.
Приказната се гради околу old money естетиката, безвременоста на Камениот мост, деталите од пауновото перо и инспирацијата од линијата IQOS ILUMA i.
Соработката ќе кулминира со посебна модна вечер на Камениот мост во Скопје, каде локацијата, сценографијата и креациите ќе станат дел од една заокружена визуелна приказна.
Ова е само првиот дел од приказната IQOS x KOKEV. Во продолжение ќе бидат откриени повеќе детали за креациите, концептот и самата модна вечер на iqos_mk.