27/10/2021

Што го разликува IQOS од електронските цигари

Воочи ја разликата и информирај се, затоа што сега е време за вистинскиот избор!

Во последно време, IQOS и Vaping производите - познати како „вејп уреди“, електронски цигари или производи со е-пареа, станаа дел од секојдневието на повеќето пушачи кои се стремат кон алтернатива на пушењето која е софистицирана и со помал ризик.

Производите кои загреваат тутун - IQOS и електронските цигари се две алтернативи без чад, кои кога се научно поткрепени и регулирани, имаат една клучна цел. Тие можат да пружат подобра алтернатива од цигарите за возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле со пушењето.

Токму поради тоа како логично се наметнува прашањето која е разликата помеѓу IQOS уредот и електронската цигара?

Она кое прво треба да се истакне е дека IQOS е производ кој не согорува тутун, што го прави еден вид на хибриден уред. Тутунот се загрева и се создава аеросол кој фундаментално се разликува од чадот.

Следејќи ја револуционерната heat-not-burn технологија за испорака на никотин со топлина, овој уред има 95% помалку штетни хемикалии во споредба со останатите уреди.

Спротивно на IQOS уредите, електронските цигари кои ја имаат истата намена, не содржат тутун, туку загреваат е-течност. Процесот на пушење се состои од загревање на таа е-течност со цел да се создаде е-пареа.

IQOS

На тема никотин, значајно е да се напомене дека IQOS претставува прв и единствен уред кој користи никотин кој е природно присутен во тутунот што се користи при консумација на производот, и е класифициран во категоријата „производи со модифициран ризик“. Тоа значи дека:

a) IQOS го загрева, а не го гори тутунот;
б) употребата на овој уред значително го намалува производството на штетни и потенцијално штетни хемикалии;
в) научните истражувања потврдуваат дека целосен премин од класичните цигари на IQOS ја намалува изложеноста на телото на штетни и потенцијално штетни материи.

Спротивно на тоа, кај електронските цигари никотинот добиен од тутун се додава во е-течноста што се користи при консумација на истиот.

На тема консумација, во споредба со електронските уреди, IQOS е пореална алтернатива во секој сегмент, овозможувајќи целокупно корисничко искуство. Покрај тоа што IQOS уредите ослободуваат аеросоли, нивните меки врвови попрецизно го доловуваат чувството на пушење.

За сите Вас кои се уште се двоумите да започнете со користење на IQOS уредите, нудиме можност за период на тестирање односно нивно изнајмување во период од 14 дена. Како да пробате IQOS во период од две седмици, и тоа без надомест, со бесплатна испорака дознајте повеќе тука.

За сите дополнителни прашања обратете се на експертите од нашата IQOS Виртуелна зона секој ден од 10:00 - 22:00 часот или на телефонскиот број 0800 99 099.

Ваш IQOS.

Овој производ не е без ризик, ослободува никотин кој предизвикува зависност. Само за полнолетни.

Најнови новости

Твој IQOS, твој стил
Прочитајте повеќе
Зимска IQOS комбинација - достапно само онлајн
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Лимитираната едиција официјално пристигна – осветли го твојот свет!
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Осветли го твојот свет со нова лимитирана едиција
Прочитајте повеќе