30/03/2022

Најинтересните прашања од IQOS корисниците

IQOS центарот за корисничка поддршка е препознатлив по единствениот и близок однос кој секојдневно го гради со своите корисници.

Откако разговаравме со Тијана и Симона за нивниот работен ден и најважните совети кои секојдневно ги даваат на корисниците продолжуваме да Ве запознаваме со останатиот дел од тимот и Ви откриваме нешто повеќе.

Во продолжение прочитајте го краткиот разговор со Ивона, која одвои дел од своето време да одговори на неколку прашања, почнувајќи од барања за посета на IQOS експерт на Пелистер додека корисникот е на одмор, па се до промена на регистрација на уред кој бил купен и регистриран во Бугарија.

1. Кои се најчесто поставуваните прашања кои ги добивате од нашите корисници?

Најчести прашања од корисниците се: зошто треба уредот да се остави 2 часа да се полни, што ќе се случи ако порано се исклучи од полнење, како и дали задолжително мора да се користат оригиналните алатка и стапчиња за чистење. Неизбежни се и основните прашања поврзани со тоа како и колку често се чисти уредот. За да можеме визуелно да ги доловиме сите детали, најчесто корисниците ги упатуваме кон нашиот YouTube канал, каде можат визуелно, детално да го погледнат процесот на користење, полнење и чистење на уредите, како и да дознаат дополнителни информации.

2. Кој е најинтересниот повик што сте го добиле?

Пред неколку месеци добивме повик од корисник кој побара да испратиме IQOS експерт на Пелистер за замена на држачот на неговиот уред, со образложение дека е на одмор. Исто така, неколку пати добивме прашања во врска со GPS лоцирање, односно дали IQOS уредите имаат GPS лоцирање бидејќи се случува корисникот да го изгуби уредот или да не се сеќава каде го оставил претходната вечер. Постојано добиваме интересни прашања, за кои, секогаш целосно сме посветени да пронајдеме најдобро решение 😊.

IQOS

3. Која ситуација претставувала најголем предизвик за да се изнајде решение?

Би го издвоила повикот кој го добивме од една корисничка на IQOS уред кој бил купен и регистриран во Република Бугарија, со барање регистрацијата на уредот да се пренесе во нашата локална база на корисници. Ваквиот процес е доста сложен бидејќи подразбира собирање голем број на информации, од земјата каде е купен уредот, дополнително, барање со објаснување на главната причина. За да се обезбедат овие информации, потребно е да се евидентираат кодовите од IQOS држачот и полначот, кои се наоѓаат веднаш под капачето и вратичката. Откако ќе се добие потврда од земјата каде е купен уредот и се докаже дека има валидна гаранција, корисникот има право веднаш да направи пререгистрација. Пререгистрацијата може да направиме ние, во контакт центарот или на некоја од нашите IQOS зони, со претходно испраќање на сите документи на емаил адресата на IQOS Македонија.

4. И за крај, каков совет ќе дадете на корисниците кои добиле IQOS уред на подарок, со оглед на тоа што периодов имавме голем број на причини за дарување?

Многу важно прашање бидејќи често се наоѓаме во ситуација кога нè контактира друго лице во име на вистинскиот корисник. Поради почитување на законот за заштита на лични податоци и запазување на сите процедури, наша препорака е вистинскиот корисник секогаш да го има регистрирано уредот на свое име. Како што беше и поставено прашањето, доколку уредот се добие на подарок, препорачуваме да се направи пререгистрација на име на лицето кое е корисник, со само еден повик до нашиот центар за корисничка поддршка, се со цел вистинскиот корисник да помине низ процесот на Hyper Care програмата.

Тимот на IQOS корисничка поддршка, во чиј состав е и Ивона, е достапен за сите Ваши прашања поврзани со IQOS светот од Понеделник до Сабота од 09:00 – 21:00ч. и Недела од 10:00 – 18:00ч. Контактирај ги директно преку Facebook messenger или на бесплатниот број 080099099.

Ве очекуваат,
Ваш IQOS.

Најнови новости

Твој IQOS, твој стил
Прочитајте повеќе
Зимска IQOS комбинација - достапно само онлајн
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Лимитираната едиција официјално пристигна – осветли го твојот свет!
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Осветли го твојот свет со нова лимитирана едиција
Прочитајте повеќе