17/03/2022

Еден работен ден во IQOS центарот за корисничка поддршка

Секогаш подготвени со одговори и поддршка за сите IQOS корисници, тимот на IQOS центарот за корисничка поддршка продолжува со секојдневните кориснички прашања и искуства од светот на IQOS.

Откако разговаравме со Елена, која исто така е дел од овој тим, продолжуваме да Ве запознаваме со останатиот дел од тимот.

Во продолжение, краток разговор со Тијана и Симона кои одвоија дел од нивната утринска пауза за да ни опишат како им поминува еден работен ден и да ни ги откријат најважните совети кои треба сите IQOS корисници да ги знаат, за најдобро IQOS искуство.

IQOS

1. Како започнува еден ден во центарот за корисничка поддршка?

Тијана: Работниот ден ни започнува доста интензивно. Веднаш по пристигнувањето на работа, прва задача ни е да одговориме на сите мејлови и пораки од нашите корисници. Потоа, го координираме и распоредуваме обемот на задачи со останатите девојки од тимот, со цел навремено одговорање на секое корисничко барање.

2. Во кој дел од денот имате најголем број повици?

Тијана: Најинтензивен ден во поглед на повици и работни обврски е понеделник, во текот на целиот ден. Но затоа пак, останатите работни денови најчесто повеќе повици има попладне, кога луѓето се враќаат од работа и имаат повеќе слободно време.

IQOS

3. Кој совет би го дале на IQOS и LIL корисниците и би го издвоиле како еден од „најважните“?

Симона: Веднаш ќе споменам дека одржување на уредите е од клучно значење бидејќи со оваа навика корисниците правилно се грижат за нивниот уред и истовремено обезбедуваат вистинско искуство при користењето. Под редовно чистење подразбираме чистење по 20 употреби.

4. И за крај, каков совет би дале конкретно на корисниците на IQOS 3 DUO уредот?

Симона: Како еден од најважните совети кој го даваме на корисници на IQOS 3 DUO уредот е користење на оригиналните алатки, IQOS Алатката за чистење и IQOS Стапчињата за чистење, како и оригиналниот IQOS Адаптер и IQOS 3 DUO USB Кабел. Ова го нагласуваме како важно со цел да се заштити уредот и неговите делови од механички оштетувања или проблеми со електронските компоненти.
Секако, да не го изоставиме делот со IQOS додатоци кои обезбедуваат стилска заштита и персонализирање на уредот во нивните омилени бои.

И за крај, тимот за IQOS корисничка поддршка, во чиј состав се и Тијана и Симона, е достапен за сите Ваши прашања поврзани со IQOS светот од Понеделник до Сабота од 09:00 – 21:00ч. и Недела од 10:00 – 18:00ч. Контактирај ги директно преку Facebook messenger или на бесплатниот број 080099099.

Ве очекуваат,
Ваш IQOS.

Најнови новости

Моќта на иновативниот дизајн на овогодинешниот Milano Design Week
Прочитајте повеќе
Сѐ што (не) знаеш за кафето
Прочитајте повеќе
Твојот IQOS ритуал преточен низ шолја кафе
Прочитајте повеќе
Почетокот на пролетта нека биде твој Ден 1 за промена
Прочитајте повеќе