12/04/2022

Walk On Your Wild Side Day со IQOS

Walk on Your Wild Side е ден на меѓусебна инспирација, но и на интер-персонално буткање граници и кршење шаблони. Неговите креатори нè повикуваат да направиме нешто смело, нешто кое одамна тлеело во нас како вулканска лава која има потенцијал да еруптира во незаборавно ремек-дело, во возбудливо искуство, во живото-променувачки момент. Нормално, предупредуваат дека сето тоа треба да биде легално и да не делува вознемирувачки во однос на средината.

Дури и најмалите подвизи за кои сте се двоумеле да ги направите можат да донесат огромни промени. Менување боја на коса? Зошто да не! Авантуристичко патување? Звучи фантастично! Лудување низ кујна и експериментирање со рецепти? Може! Денот има за цел да нè потсети на сите оние работи кои не сме се осмелиле да ги пробаме, што поради стравот од личниот неуспех, што поради моментот на ‘туѓото мислење’ за нас, а длабоко во себе вистински сме копнееле за тоа.

IQOS

Времето и светот во којшто живееме си поставуваат свои нормативи, наметнуваат свое темпо и диктираат свои правила на игра. Понекогаш е неопходно да ги погледнеме нештата од другата страна на поставените друштвени граници, не поради неконструктивен бунт, туку поради љубопитност, за да откриеме поинаква перцепција која ќе ни биде личен-бустер да се надминеме самите себеси. Историски гледано, токму оние кои бестрашно јавале на бранот на иновативноста, креативноста и уникатноста, оставиле највлијателни белези и трајни наследства на своето време и времето кое следи.

Па разбудете го вашиот внатрешен шампион и запрашајте се: која личност ќе бидам на Walk On Your Wild Side денот, а која потоа?

Ние го разбудивме. И чувството е одлично. IQOS неуморно турка граници, нуди иновативни и свежи искуства, будно го следи ритамот на промените и потребите на своите корисници и смело чекори кон подобра верзија од себе! Нашите уреди се токму она за кое се залага Walk On Your Wild Side идејата: различност, прогрес, автентичност, оригиналност. Ние учиме од минатото, предвидувајќи ја иднината, за да ја подобриме сегашноста. Нашите тимови се целосно посветени во градењето на ‘нова ера’ за уживателите на тутун. Без чад, без пепел, без непријатни миризби. Благодарение на вас и вашите позитивни реакции во однос на IQOS производите, сè повеќе сме мотивирани и самоуверени во тоа што го правиме и постојано целиме кон повисоко. Целиме кон совршенство, кое би го поделиле со Вас.

Па прославете го Walk On Your Wild Side денот како што доликува, додајте му малку адреналин на животот. А во меѓувреме Make a Click On Our Wild Site.

Најнови новости

IQOS повторно на FWSK
Прочитајте повеќе
Ексклузивна онлајн понуда
Прочитајте повеќе
IQOS турнејата продолжува во Битола и Прилеп
Прочитајте повеќе
Секоја приказна е единствена, а секоја промена е инспиративна
Прочитајте повеќе