15/04/2022

IQOS Ве поврзува со Светскиот ден на уметноста

IQOS Connects You With the World Art Day | IQOS MK

Во 2012-та, Меѓународната асоцијација на уметност (IAA) заедно со Унеско го прогласуваат 15-ти април за Светски ден на уметноста. Овој ден се прославува со цел подигање на свеста за импактот на уметноста на интернационално ниво.

Кога луѓето ги користат своите креативни вештини и имагинација за да создадат нешто во визуелна форма или движечки перформанс, тоа се нарекува уметност. Уметноста ја возвишува креативноста, иновативноста и културниот диверзитет на сите народи ширум светот и игра важна улога во споделување на знаењето и поттикнувањето на љубопитноста и дијалогот. Таа е репродукција на душата и една од најважните алки што човекот го прават – ЧОВЕК!

Креирањето, или едноставно, уживањето во уметноста си носи свои бенефити:

  • Генерира љубов кон учењето
  • Помага при градење на емоционална интелигенција и изразување на сложени чувства
  • Руши стереотипи и социјални бариери и помага кон градење на поубав свет
  • Го подобрува холистичкото здравје, гради самодоверба, мотивира
  • Ги буди сетилата и им овозможува на луѓето да го доживеат светот на нов и поинаков начин
IQOS

Уметноста е насекаде. Понекогаш ние ја наоѓаме, понекогаш таа не наоѓа нас. Уметноста е во природата, во урбаните средини, во виртуелниот простор, особено во денешно време со актуализацијата на NFT за кои слушаме дека достигнуваат вртоглави суми. А што е NFT? NFT e дигитален асет во форма на уметничко дело, музика, видео, па дури и некои елементи од дадена игра. Дури и твитовите се дигитален асет, па првиот твит на основачот на Твитер, беше продаден како NFT за речиси 3 милиони долари. Па, дали знаете дека токму сега, дигитално уметничко дело ја достигна највисоката, платена сума на аукција од 69 милиони долари? Она што ги прави посебни, е дека тие се уникатни дела. Нивната уникатност ги натера и познатите брендови како: Nike, Coca Cola и McDonald’s, да им овозможат на своите корисници да придонесуваат со сопствени дизајни. Но, следете нѐ, бидејќи IQOS подготвува нешто уникатно и за вас, поврзано токму со овој тренд.

Шаренилото, бескрајната палета од бои, нијанси и градации ја прави уметноста толку топла и вибрантна, дури и кога обработува темни и тешки теми. Боите се првиот момент што нашето око треба да го ‘улови’ за понатаму да испрати импулс кој нашите неуро-центри ќе го претворат во сензација. Секоја боја со себе си носи комплексен систем кој на повеќе начини е поврзан со човековото однесување, расположение, емотивна состојба итн.

Затоа IQOS ги слави боите и нивната важност. Свесни за различните профили на корисници, нашите продукти секогаш нудат избор од повеќе бои кои би биле соодвентни и компактни со различните темпераменти и лични вредности.

Без разлика дали вашето секојдневие се состои од бизнис-состаноци или спонтани кафе-средби, вие имате можност да изберете боја на уред, боја на капаче, боја на футрола која ќе го надополни вашиот израз, пристап и ќе ја комплетира вашата визуелна приказна.

Доколку се стравствени во тоа што го правите, изберете ја црвената која ќе биде одличен тандем со вашата вратоврска или вашиот кармин. Ако ви треба баланс и нешто што ќе ја потенцира вашата присебност, овде е портокаловата боја. Април е месецот кога сонцето почнува да блеска и да не потсеќа на лето. Кога барате малку оптимизам и топлина во животот, барате жолта боја. За љубителите на природата и опуштените долги прошетки, зелената е супер опција. Сината боја е боја на небото и морето, па ако сте од оние кои не престанале да мечтаат и да ја зачуваат младоста во себе, ова е бојата за вас. Фановите на гламурот најчесто избираат злато, а оние кои веруваат во бескомпримисна љубов розевата боја. Белата е боја на боговите и нежноста, црната на софистицираноста. Листата нема крај.

Но, може да бидете креативни и да искомбинирате две или повеќе од нашите понудени бои. Уредот во една боја, капачето во друга, футролата во трета. Нема правила. Затоа што уметноста значи слобода. Проверете што се имаме да Ви понудиме. За сите дополнителни прашања околу нашите производи и комбинирање на истите, слободно контактирајте ја нашата Виртуелна Зона.

А до тогаш останете креативни, останете свои, славете го животот, славете ја уметноста. Затоа што уметноста е љубов. А знаете што друго е љубов? IQOS!

Најнови новости

Како изгледаше првата NFT галерија во Македонија
Прочитајте повеќе
Интервју со Миљан Жарковиќ - првите 2 години на IQOS во Македонија
Прочитајте повеќе
Да го дочекаме летото со нов подарок
Прочитајте повеќе
Чист уред, подобро искуство
Прочитајте повеќе