03/05/2022

Бидете дел од NFT светот

NFT е кратенка за Non-Fungible Tokens (Незаменливи Токени). Овие три букви од ден на ден се поинтезнивно го ‘окупираат’ медиумскиот простор околу нас. Моментално се случува голем хајп околу NFT-уметноста и нејзините продажни цени достигнуваат милионски суми.

Скептиците велат дека ова е само нова трендовска ‘галама’ и нов бран на кревање фама, но огромен број експерти веруваат и тврдат дека NFT-то е овде со цел да остане на подолго време и да даде нова димензија во дигиталниот свет.

ШТО ВСУШНОСТ Е NFT?

NFT е дигитален асет/дигитален токен кој претставува и застапува објекти и дела од реалниот свет како што се уметност, музика, но и ин-гејм објекти и видеа. Тие се купуваат и продаваат преку дигиталната сфера, најчесто со крипто-валути, затоа што се кодирани на сличен начин и се базираат на блок-чејн технологија.

Иако постојат од 2014-та година, NFT-те моментално се најактуелни бидејќи се трансформираат во сè попопуларен начин на трговија со дигитални уметнички дела. Само во 2021-ва година, пазарот за NFT вредеше неверојатни 41 милијарда долари, износ што се приближува и и’ ‘дише во врат’ на вкупната вредност на целиот глобален пазар на уметнички дела.

Секое NFT содржи свој уникатен код за идентификација што не дозволува репликација и обезбедува ексклузивна сопственост. За разлика од крипто-валутите, горенаведените мета-податоци креираат разлика помеѓу секој од NFT токените и ги прават единствени.

iqos nft

NFT-то последните две години го помести бизнис светот од своето тежиште. Дури и најголемите имиња како што се Nike, McDonald’s, Coca-Cola, Ray-Ban, Gucci, Louis Vuitton се приклучија во NFT играта. Некои од нив објавуваат NFT колекции или лимитирани едиции како начин да отворат можности за приход, или да изградат лојалност на брендот, или да акумулираат средства за некоја хуманитарна цел. Други ги користат NFT-те за да го подобрат својот имиџ, за да раскажат приказна или да допрат до нова публика. NFT станува и сè пошироко познато за македонската публика, а некои од нашите најпознати NFT артисти се: Дарко Р., Ива Станковска, Сара Станоевска, Давор Кескец и Female Punx.

Но, би се запрашале зошто некој би потрошил илјадници па дури и милиони долари на нешто што може да го спушти или едноставно да го зачува со принтскрин?

Затоа што NFT-те му овозможуваат на купувачот да ги поседува ‘оригиналните и единствени права’ за дигиталното дело или креација. Тие содржат вградена автентикација за утврдување на идентитетот, а преку тоа лесно се докажува сопственоста. Моментално, колекционирите ги вреднуваат ‘дигиталните права’ за одредени дела, повеќе и од самите дела.

КАКО ДА КУПИТЕ NFT?

Доколку сте решиле да купите NFT, прво нешто што треба да го направите е да креирате свој волет (дигитален паричник). Во овој волет ќе ги складирате вашите крипто-валути и NFT-ја. Најполуларeн волет за крипто-тргување со Етериум блок-чејн е MetaMask кој овозможува пристап на корисниците преку мобилна апликација или екстензија на пребарувачот. Напомена: купувајте крипто во зависност од тоа кои точно валути ги прифаќа вашиот NFT провајдер. При секое купување на крипто-валути, платформата си одбива одредена сума за услуга и данок.

Кога сте готови со овој чекор и обезбедени со волет на којшто имаме одредена сума крипто-валутите по избор, следува купувањето на NTF-ја. Во моментот, најпопуларни сајтови и платформи за трговија со NFT се: LooksRare, OpenSea, Foundation, SuperRare, Axie и други. NFT-та најчесто се групирани по автори или стилови, а постои опција за пребарување и по опис на самото дело, сличности помеѓу NFT-та, датум на прикачување и слично.

А, IQOS?

Како и до сега, IQOS е повторно во чекор со светските трендови и глобалните новитети. Ние веруваме во прогрес и секогаш безрезервно ги подржуваме храбрите идеи и подвизи. Следете нè затоа што наскоро IQOS ќе ви пружи шанса и вие да го бидете дел од NFT светот, NFT процесите и креирањето на нови арт доживувања. Започнуваме нова приказна меѓу првите во Македонија. IQOS никогаш не престанува да нуди свежи, возбудливи и различни искуства.

Ние не се плашиме да бидеме модерни и оригинални, затоа што ние сме IQOS!

Најнови новости

Осветли го почетокот на новата година со IQOS
Прочитајте повеќе
Разговарај со IQOS на Вибер
Прочитајте повеќе
Твој IQOS, твој стил
Прочитајте повеќе
Зимска IQOS комбинација - достапно само онлајн
Прочитајте повеќе