09/05/2022

IQOS 3 DUO WE лимитирана едиција

Новиот WE Edition IQOS 3 DUO пристигна. Со оваа лимитирана едиција обележуваме две години меѓусебна доверба, лојалност, размена на искуства, подарување уживања и обострани задоволства. Овој уред е инспириран од убавината на различностите во IQOS заедницата, испрскан со блескава комбинација од бои. Секоја боја ја симболизира индивидуалноста и автентичноста. IQOS секогаш умее да ја препознае, прифати и слави различноста и уникатноста.

Лимитираната едиција на уред и додатоци ќе бидат достапни ексклузивно за онлајн нарачка.

Вие, кои го оставивте традиционалното пушење позади вас и преминавте на IQOS, вие кои верувавте во иднина без чад, пепел и лоши миризби, секој од Вас е значаен дел во мозаикот на IQOS заедницата. Денес, оваа заедница брои повеќе од 14 милиони корисници ширум светот. Секојдневно растеме, заедно.

Сите ние доаѓаме од некаде и целиме кон нешто. Патем негуваме различни култури, различни навики, различни вредности. Но, токму тие црти на различност и блесоци на индивидуалност го подаруваат уникатниот сјај на IQOS семејството. Затоа со WE Edition IQOS 3 DUO ги обединуваме сите овие нешта во еден возбудливо и колоритно издание.

Но, не застануваме овде! Покрај уредот, во оваа лимитирана едиција Ви нудиме и колекција од капачиња за држач во четири различни бои и капак за полнач:

iqos we limited edition color caps

Жолта која потсетува на пријатното чувство на прифатеност. IQOS силно верува во моќта на прифаќањето, без разлика на позадинските приказни и причини. Со оваа боја ја славиме радоста!

Сината боја повикува на заедништво. Споделувањето на нашите лични приказни и почитувањето на туѓите искуства ќе нѐ научат како да го направиме светот подобро место. Сплотени во едно, заеднички, храбро.

Виолетовата ја слави уникатноста. Пред да го прифатиме светот околу нас, прво треба да се прифатиме себеси. Ајде да бидеме горди на нашата совршена посебност, на нашата оригиналност. Секој од нас носи мал космос во себе. Да блескаме заедно!

Портокалова за прогрес! Веќе го направивте вистинскиот избор, преминавте од традиционални цигари на IQOS. Сега идеата за модерна иднина нека биде наш заеднички двигател за понатаму. Обединувањето е само почеток, желбата да се остане заедно е прогрес, а заедничката работа е клучот за успехот.

IQOS е шаренило кое обединува! IQOS е насекаде низ спектарот! IQOS e секој посебно, но и сите заедно!

Да потсетиме уште еднаш дека WE Edition IQOS 3 DUO е лимитирана едиција. Затоа направете го вистинскиот избор и веднаш нарачајте!

А во меѓувреме останете различни и свои, oстанете IQOS!

Најнови новости

IQOS повторно на FWSK
Прочитајте повеќе
Ексклузивна онлајн понуда
Прочитајте повеќе
IQOS турнејата продолжува во Битола и Прилеп
Прочитајте повеќе
Секоја приказна е единствена, а секоја промена е инспиративна
Прочитајте повеќе