09/06/2022

Интервју со Миљан Жарковиќ - првите 2 години на IQOS во Македонија

Воведувањето на нова категорија на производи без чад во Македонија за прв пат започна во 2020-та. Две години во кои IQOS успеа да предизвика промени, стремејќи се кон постигнување на единствената цел – иднина без тутунски чад.

Корисничката поддршка во патувањето кон свет без тутунски чад и оптималното корисничкo искуство кај нашите корисници, уште од самиот почеток ни е на прво место.

Токму на оваа тема разговараме со Миљан Жарковиќ - Менаџер за корисничко искуство во IQOS, кој ни откри неколку интересни работи за првите 2 години на IQOS во Македонија:

miljan zarkovic iqos mk

1. Како изгледаа почетоците на IQOS во Македонија и кои беа најголемите предизвици?

Кризата што нè затекна сите во март 2020 година, влијаеше и на нашите планови за лансирање на IQOS системот за загревање на тутун на македонскиот пазар. Целиот свет запре, а ние требаше да кажеме „старт” и тоа во сосема нови околности. Но, полнолетните корисници на тутун и никотински производи во Македонија веќе долго време го очекуваа овој производ на пазарот и токму тоа беше главниот мотив. Стартот, иако различен од планираното, да се случи.

Затоа, во мај 2020 година новиот иновативен систем за загревање на тутун беше официјално претставен на пазарот.

Со оглед на тоа што во тој период целиот свет се префрли на „онлајн живеење” нашата веб страница mk.iqos.com се лансираше и беше достапна од самиот старт со цел обезбедување на целосна поддршка и информации, на начин на кој што нашите корисници преферираат.

2. Што сѐ се промени од почетокот до денес?

Она што нас како компанија најмногу ни значи од враќањето на нормалниот начин на функционирање е можноста лично да разговараме со корисниците.

Постојано се трудиме да ги слушаме и на основа на тоа да направиме промена и подобрување на нашите производи без чад. Сето ова е многу полесно да се направи кога имаме можност да комуницираме на нормален начин, како пред појавата на Ковид-19.

3. Во Филип Морис си на позицијата Менаџер за корисничко искуство. Како твојата улога се вклопува во IQOS светот?

Во последно време често се зборува за корисничкото искуство, но грижата за корисници како начин на работa постои отсекогаш, само некои компании ја препознаваат нејзината важност, а некои не.

Јас сум навистина среќен што Филип Морис ми даде можност да го работам она што најмногу го сакам, а тоа е да ги слушам нашите потрошувачи и да им обезбедам најдобра можна поддршка во нивното патување кон свет без тутунски чад.

miljan zarkovic iqos mk

4. Брендот има исклучителна грижа на корисници, што подразбира тоа и зошто е од толку голема важност?

Филип Морис е единствен по тоа што настојува во целост да се насочи кон иднина без тутунски чад и што ги охрабрува полнолетните пушачи кои не се откажуваат од пушењето цигари, да се префрлат на подобра алтернатива од цигарите.

Но, за да се постигне оваа цел – свет без тутунски чад – е потребно многу повеќе од замена на еден производ на пазарот со друг. За реализација на оваа замисла потребна е промена на целиот бизнис модел, а најмногу на начинот на кој комуницираме со нашите потрошувачи.

Затоа, IQOS грижата за корисници е многу повеќе од обезбедување на навремена и добра техничка поддршка. За нас, грижата за корисници е разбирање на индивидуалните потреби на корисниците, отворена и искрена комуникација и посветеност да се најде соодветниот начин за поддршка и решение за секој наш корисник. Само на овој начин, со вистинска корисничка поддршка, ќе стигнеме до гореспоменатата цел.

5. Што претставува IQOS за тебе, што би им препорачал на сите постоечки корисници и на оние кои сѐ уште немаат направено ваква промена?

Јас сум IQOS корисник скоро 5 години, па можам да го споделам моето лично искуство. Пред користењето на IQOS долги години пушев обични цигари и IQOS навистина направи промена во мојот живот.

Загревањето на тутунот, наспроти согорувањето, носи многу придобивки како помалку непријатни мириси, нема чад, нема пепел, но најважно од сè е дека се ослободуваат значително помалку (~95%) штетни состојки во однос на пушењето цигари.

Наш приоритет е да го адресираме штетното влијание на цигарите, резултат токму на согорувањето на тутунот и ослободувањето на штетни состојки и преку научни истражувања да покажеме дека постои научно докажана подобра алтернатива од пушењето цигари.


И како за крај, му благодариме на Миљан што ни откри малку повеќе за IQOS корисничката поддршка и колку важен сегмент е таа во целосно IQOS искуство.

Ви благодариме и на сите вас за поддршката и за вистинскиот избор на подобра алтернатива за подобра иднина!

Продолжуваме заедно, затоа што ние сме секогаш тука за вас,

Ваш IQOS!

Најнови новости

Нов старт со IQOS ILUMA ONE и подарок
Прочитајте повеќе
IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе