29/06/2022

Загревање за Д-Фест во Дојран

Еуфоријата расте, а сите ние сме во симфонија со урбаниот ритам на летото.

Го одбележавме Светскиот ден на музиката, сега ни останува со полни батерии да се подготвиме за долгоочекуваниот старт на Д-Фестивал во Дојран.

Најпопуларниот фестивал на нашите простори, како и секоја година ќе се одржи во Дојран, од 1 до 3 јули со одлична агенда, активности и многу музички ѕвезди, од кај нас и од странство, кои ќе ги забавуваат посетителите до раните утрински часови.

IQOS тимот секогаш се стреми кон создавање на најдобро корисничко искуство, овојпат преку подготвување на незаборавни, уникатни моменти, вредни за паметење.

Оваа година IQOS ќе го следи твојот ритам и ќе биде присутен на двете познати локации за време на Д-Фест - кампот и главната сцена. Во кампот ќе ти биде достапна Chill-Recharge IQOS зоната, во која ќе имаш одлични услови за одмор и дружба, како и можноста да го наполниш, исчистиш и подготвиш твојот IQOS уред за „маратонските“ журки.

iqos македонија д-фест

А на главната сцена, освен одлична забава, подготвивме посебна „IQOS зона за загревање“ за сите IQOS корисници. Тука ќе биде и делот „IQOS загреани во сите бои“ каде што ќе можеш да нацрташ некој дел од твоето тело во омилените IQOS нијанси. Дополнително, сите корисници ќе имаат можност да направат уникатна Instagram фотографија во нашиот Instagram corner. Биди креативен, сподели го твоето Instagram story со таг @iqos_mk и биди дел од фестивалската IQOS атмосфера!

Звучи интересно? Пронајди го нашиот IQOS No Burn Squad за сите информации и насоки, а очекувај и многу изненадувања.

За да бидеш дел од ова IQOSxД-Фест искуствo, сè што треба да направиш е:

  • • Да купиш влезници тука.
  • • Да ја понесеш својата камп опрема доколку одлучиш твоето сместување да биде во шатори во Д-Фест камп делот, или пак, да најдеш друго соодветно сместување.
  • • Да купиш платежна картичка Танте како официјално платежно средство на фестивалот за купување пијалоци, храна и сувенири.

Знаеме дека нема да ги заборавиш своите IQOS уреди, но не ги заборавај и оригиналните IQOS адаптер, кабел, стапчиња за чистење и алатка за чистење. Понеси ги и персонализираните IQOS додатоци кои секогаш можат да се вклопат во некоја од твоите фестивалски аутфит комбинации.

И најважното, наполни ги батериите и понеси ја својата „журкаџиска“ адреналинска енергија со тебе!

Загреани, те очекуваме на незаборавно фестивалско искуство,
Твој IQOS!

Најнови новости

Нов старт со IQOS ILUMA ONE и подарок
Прочитајте повеќе
IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе