17/08/2022

Разбуди ја креативноста со IQOS

Ова лето, разбуди ја креативноста во себе и приклучи се на IQOS предизвикот!

Инспирирани од Денот на фотографијата, кој ќе го одбележиме на 19-ти август, ти подготвивме нешто мноооооооогу интересно кое не само што ќе ти ја разбуди страста, туку и ќе ти ја поттикне твојата креативност. 😊

Водејќи се од софистицираниот дизајн на IQOS уредите, кој несомнено се вклопува во секоја твоја стилска комбинација, со персонализирани додатоци во твоите омилени бои, те предизвикуваме да направиш фотографија со твојот IQOS на тема - Пронајди ја страста на летото во твојот град.

Колоритна позадина или пак, фотографија на твоето омилено место, се одлична идеја за креативна фотографија. Секако, потруди се да бидеш креативен бидејќи за најкреативните подготвивме супер подароци од светот на IQOS.

Прочитај ги условите внимателно, вклучи ја имагинацијата на најјако и започни визуелно да оформуваш идеи за кул фотка! 📸

Услови за учество:

  • • Мора да си полнолетно лице, државјанин на Република Северна Македонија, и секако, регистриран IQOS корисник.
  • • Мора да имаш личен Instagram профил преку кој ќе ни ја испратиш својата креативна фотографија до 21.08.2022 во директна порака на Instagram профилот на IQOS.

Услови за дозволени елементи на фотографијата:

  • • Да нема тутунски патрони, без разлика дали во уредот или до него.
  • • Да нема луѓе и лица, но опцијата фотографија со уред во рака е дозволена.
  • • IQOS држачот за патрони да биде во полначот или до него.
  • • Да не содржи било какви навредливи или несоодветни содржини.

Како IQOS ќе ја награди твојата креативност?

На 23.08, изборот на најкреативни фотографии ќе биде направен од страна на стручно жири, кое заедно со гласовите од следачите на нашиот Instagram профил ќе ги избере среќните добитници, па спреми се за гласање на Инстаграм профилот @iqos.mk.

За најкреативните IQOS корисници подготвивме IQOS подароци за будење на страста – летна елегантна варијанта на IQOS 3 DUO - Passion Red лимитираната едиција и пешкир за на плажа, кој ја следи летната IQOS приказна.

iqos македонија giveaway, пешкир за плажа, iqos 3 duo passion red

Како за крај, мал поттик за инспирација.

Во продолжение ти оставаме неколку примери:

фотографија со iqos 3 duo warm white уред во рака

Во твоите омилени урбани делови во градот, во комбинација со твојат аутфит или персонализираните додатоци.

фотографија со iqos 3 duo brilliant gold уред во рака

Во омилените агли од градот кои ти будат страст за визуелно поврзување на уредот со знаменитоста.


Биди креативен, обој го летото во црвена боја и откриј нова страст во твојот град!

Твој IQOS.

Најнови новости

Есента раскажана низ чаша младо вино
Прочитајте повеќе
IQOS BLACK FRIDAY започна порано и тоа онлајн!
Прочитајте повеќе
Незаборавна авантура во Токио
Прочитајте повеќе
IQOS пристигнува во Bliss Mall
Прочитајте повеќе