19/08/2022

Светски ден на фотографијата

Секоја фотографија е приказна што не може да се раскаже низ зборови. Оваа визуелна поезија ги чува спомените од заборав. Секој замрзнат момент е водење љубов помеѓу душата и објективот. Уште од аналогниот кодак па сѐ до денешната дигитализација, фотографирањето е значаен сегмент од нашето секојдневие: чуваме драги фотографии по нашите ѕидови, во нашите паричници, низ социјалните мрежи.

плажа, iqos 3 duo passion red, наочари за сонце, костим за капење

Благодарение на технологијата, сега секој може да биде фотограф. Затоа 19-ти август е прогласен за Светски ден на фотографијата. Денот има за цел да ја возвиши фотографијата од професионален аспект како примарна професија, но и да ги охрабри сите да ја негуваат како хоби. Ги славиме старомодните стилови на фотографирање и љубопитно ги следиме идните трендови. Денес, благодарение на дигитализацијата, секој од нас носи камера во џеб. Но, и покрај технолошкиот напредок, разните пристапи, агли, стилови и квалитети, фотографијата никогаш не го променила својот јазик и есенција: продолжува да ги овековечува емоциите, идеите, експресиите. Продолжува да биде вечен чувар на друштвената и индивидуалната имагинација.

слушалки, iqos 3 duo passion red

IQOS верува во моќта на фотографијата. Нашиот тим не дозволува ваквите денови да поминат незабележано. Затоа те поврзуваме со Светскиот ден на фотографијата. И погоди што? Имаме и изненадување!

Во нашата претходна објава чекор по чекор ти го претставивме начинот како да станеш потенцијален добитник на IQOS 3 DUO Passion Red или пешкир за плажа. Преедноставно е, затоа те очекуваме во директна порака на Инстаграм. Биди креативен, биди дел од светските збиднувања и добиј подарок. Заледи неколку мигови и дозволи му на IQOS 3 DUO Passion Red со својата вулканска страст да ги растопи и претвори во срцестоплувачки сензации.

Say Cheese, фантазирај, биди оригинален, биди IQOS!

Најнови новости

Осветли го почетокот на новата година со IQOS
Прочитајте повеќе
Разговарај со IQOS на Вибер
Прочитајте повеќе
Твој IQOS, твој стил
Прочитајте повеќе
Зимска IQOS комбинација - достапно само онлајн
Прочитајте повеќе