Корисничка поддршка и поволности

Кои се придобивките од регистрацијата?

Како регистриран корисник на IQOS уреди, ги остваруваш сите права според прописите за заштита на потрошувачите, вклучувајќи го и правото да се елиминира неусогласеноста на производите со договорот во согласност со законот и природата на уредот.

 

IQOS овозможува различни поволности при времетраење на одговорноста на продавачот за неусогласеноста на производите, но и после тоа. Сè што треба да направиш е да го регистрираш твојот уред и да ги откриеш сите поволности што ги нуди IQOS.

Правила и услови

Услугите, достапноста на опремата и компонентите на IQOS, времето на испорака и одговор може да се разликуваат во зависност од земјата. Оваа услуга нема да влијае на твоето право на усогласеност во земјата каде што е купен IQOS уредот. Доколку се замени дел од уредот, новиот дел преоѓа во твоја сопственост, додека секој стар дел од уредот преоѓа во сопственост на субјектот кој ја извршил замената. Предизвиците со IQOS уредите се дефинирани во однос на материјалот или изработката, кога се користат како што е наведено во Корисничкото упатство IQOS.

Се соочуваш со предизвици?

Дури и производите со најдобар квалитет понекогаш може да престанат да работат, а знаеме колку е непријатно кога не може да го користиш твојот IQOS.

Едноставно контактирај ја нашата корисничка поддршка на 0800 99 099 која е достапна од понеделник до сабота од 09:00 до 21:00 часот и ќе ти помогнеме да го совладаш предизвикот со твојот уред.

Доколку уредот не е купен на нашата веб страница, те молиме имај со тебе доказ за купување.

маж држи IQOS лист за гаранција

Корисничка поддршка

Тука сме за тебе. Доколку ти е потребна помош можеш да нѐ контактираш телефонски, да ни испратиш е-пошта или започни разговор на Вибер.

Регистрирај се на iqos.com и искористи ги поволностите

Регистрирај го твојот IQOS уред на iqos.com и ќе добиеш големи придобивки како што се:

- Меѓународна поддршка на IQOS уредите во странство

- Пристап до лимитирани серии и ексклузивни понуди

- Пристап до нашата платформа за лојалност IQOS CLUB

и многу повеќе.

Меѓународна поддршка, кога си во странство

Ти стоиме на располагање во 68 земји 24 часа на ден, 7 дена во неделата, без разлика дали ти е потребна корисничка поддршка или справување со предизвици поврзани со уредот, сè што треба да направиш е да нè исконтактираш. Тука сме да ти помогнеме да го решиш проблемот или да откриеш што не е во ред со твојот IQOS уред.

Дали си во странство и ти треба помош со IQOS уредите?

Не грижи се, нашиот меѓународен тим за поддршка е на повик само од тебе. Едноставно јави се на +800 2559 2559. Таксите се можни, затоа те молиме провери кај твојот мобилен оператор.


Како до IQOS меѓународната поддршка?


Сè што треба да направиш е да се регистрираш и да го поврзеш уредот со твојата сметка пред да тргнеш на пат.


Во кои сè земји е достапна IQOS меѓународната поддршка?


IQOS меѓународната поддршка е достапна во следните земји: Албанија, Андора, Ерменија, Аруба, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Канарските острови, Канада, Колумбија, Костарика, Хрватска, Курасао, Кипар, Чешка, Данска, Доминикана Република, Естонија, Франција, Грузија, Грција, Гватемала, Холандија, Унгарија, Италија, Израел, Јапонија, Јордан, Казахстан, Кореја, Кувајт, Либан, Литванија, Латвија, Малезија, Малдиви, Монако, Молдавија, Мексико, Северна Македонија, Нов Зеланд, Црна Гора, Филипини, Јужна Африка, Канада, Казахстан, Кореја, Германија, Нов Зеланд, Палестина, Полска, Португалија, Реунион, Романија, Русија, Саудиска Арабија, Северен Кипар, Словачка Република, Словенија, Јужна Африка, Шпанија, Србија, Швајцарија, Шведска, Обединетото Кралство, Украина и САД.

iqos device кутија за достава
Потребна ти е помош? Контактирај нѐ!
Тука сме за тебе и на дигиталните канали.
Информирај се и започни разговор.
Повикај ги нашите експерти на 0800 99 099.
Доколку имаш прашања, пиши ни на нашата е-пошта.
Посети и заследи ја нашата Facebook страница. Разговарај со нас.
Пронајди одговор на најчесто поставуваните прашања. Види FAQ.
Пронајди го најблиското IQOS продажно место овде.
Овој производ не е без ризик, ослободува никотин кој предизвикува зависност. Само за полнолетни.