01/03/2023

Ги препознаваме различните идеи и лидерски стилови, без оглед на полот

Оваа година Меѓународниот ден на жената во светот се одбележува под мотото #EmbraceEquity, концепт кој е врежан длабоко во нашата IQOS култура. Веруваме во создавање на решенија кои ги земаат предвид разновидните потреби и искуства на поединците и различните заедници и ги приспособуваме услугите и начелата според овие разлики.

Минатата година се запознавме со дел од дамите во тимот на IQOS, дознавме која е нивната мотивација и инспирација за успех, а оваа година зборуваме со колегите од спротивниот пол, кои ни ги споделија нивните ставови на тема родова еднаквост.

интервју со Нинослав Милошевски, Илија Мукаетов, Огнен Костовски и Елион Јашари

Нинослав Милошевски – дел од тимот за комерцијални операции

Кој стереотип за жените би го променил и зошто?

Стереотипот за „поделба на машка и женска работа“. Јас лично сметам дека нема потреба од поделба. На оваа тема имам лично искуство, кое сакам да го споделам и посочам преку пример. Едно од моите претходни работни искуства е продажен консултант за автомобили. Секојдневно соработувавме со мојата колешка која исто така работеше во тој сектор. Многу често кога некој од клиентите кои беа заинтересирани да купат ново возило и сакаа да добијат повеќе информации во однос на технички детали, перформансите и карактеристиките, го прекинуваа разговорот со неа и директно се обраќаа на некој друг колега од машкиот пол. Иако личноста за којашто станува збор можеби беше и најдобро запознаена и навистина ги знаеше сите информации од таа област подобро од сите нас во продажниот салон, сепак секојдневно се соочуваше со вакви непријатни ситуации. Од ова мое лично искуство, сметам дека овие стереотипи се застарени и непотребни. Сите ние, без разлика на полот, постојано треба да се трудиме да ги срушиме овие предрасуди и да се ослободиме од стереотипите кои силните и модерни жени во општеството постојано ги побиваат и го докажуваат токму спротивното.


Илија Мукаетов – дел од менаџмент тимот

Кога би имал можност да вечераш со кои било три инспиративни жени, кои би биле тие и зошто?

Жените кои според мене претставуваат пример за успешност и инспирација како личности, се премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, тенисерката Серена Вилијамс и актерката Џулија Робертс. Станува збор за силни жени кои оставиле свој печат во општеството. Џасинда се смета за една од најпознатите лидери во современиот свет, лидер кој вистински ги одразува вредностите на нацијата што таа ја претставува, како во Нов Зеланд, така и многу пошироко. Серена Вилијамс ќе остане запаметена како една од најголемите тенисерки на сите времиња, но нејзиното најголемо достигнување е што спортскиот успех го искористи за да ги промени животите на голем број жени низ светот, од различни општествени групи. Тешко е да не му се восхитуваме на некој кој е борец за правата на жените. Џулија Робертс помогна да се отвори патот за младите жени кои сакаат да постигнат нешто значајно во својот живот. Нејзиниот талент, успех, напорна работа, начинот на кој се носи со славата веќе долго време претставува инспирација за сите жени на светот. Затоа би сакал од нив да слушнам повеќе за нивниот пат до успехот, за мотивацијата, како и за нивната порака до сите жени на светот со совет како да го остварат својот сон.


Огнен Костовски – дел од тимот одговорен за дистрибуција

Според тебе, какви резултати носи воспоставената еднаквост на жените и мажите во тимот на IQOS?

Родовата еднаквост самa по себе не значи ништо доколку истата не се остварува во својата суштина. Еден од главнитe приоритети на тимот кој стои зад IQOS е постигнување родова рамнотежа и фокусот е ставен на искористување на целосните капацитети на жените на работното место. Бенефитите од родовата еднаквост во IQOS тимот се согледуваат во проширените перспективи и подобрувањето на начинот на работа. На таков начин IQOS тимот обезбедува поефикасно извршување и спроведување на заеднички поставените цели. Ние во IQOS, навиваме за промени кои водат до постојано подобрување на општествената состојба, каде сѐ повеќе жени можат да го изразат и покажат својот потенцијал и што послободно да го дадат својот придонес кон подобро општество за сите. Нашиот тим секогаш функционирал како една целина составена од различни индивидуи и според мене тоа е формулата за еден успешен тим кој секогаш ги надминува очекувањата. Следејки го трендот на целата организација, IQOS тимот се залага за еднаквост и рамноправност, со цел обезбедување на максимална инклузивност. За ова, неопходна е поддршка, слобода на изразување и здрава работна средина. Тука, ја негуваме културата на родова еднаквост и ја подигаме свесноста на сите нивоа за безбедноста на жените, рамнотежата во професионалниот и приватниот живот.


Елион Јашари – дел од тимот за унапредување на продажба

Кој е најважниот совет или порака што сакаш да ја споделиш за Денот на жената?

Жените ги надминаа безбројните пречки и бариери низ историјата, и продолжуваат да го прават тоа и денес. Тие ги скршиле стереотипите, ги срушиле бариерите и го отвориле патот за идните генерации. Па така, за овој Ден на жената, како и за сите останати, би сакал да порачам да ја признаваме и препознаваме храброста, силата, отпорноста и издржливоста на жените насекаде, и да ја обновуваме нашата посветеност за создавање на свет во кој сите жени можат да напредуваат и да успеат.
Еднаквоста е целта, а рамноправноста е средството да се стигне до таму. Во тимот на IQOS постојано ги рушиме бариерите, ја прифаќаме родовата еднаквост и веруваме во жени-лидери. Не остануваме само на зборови, размислуваме, прифаќаме, вреднуваме и се бориме за родовата еднаквост.

Најнови новости

Нов старт со IQOS ILUMA ONE и подарок
Прочитајте повеќе
IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе