08/03/2022
Меѓународниот ден на жената е повод кога ја славиме женственоста и ги препознаваме достигнувањата на жените на различни полиња од животот. Овој 8ми Март се запознаваме со четири модерни, силни, успешни жени кои се дел од IQOS тимот. Во продолжение прочитајте што имаат тие да кажат.
Василка – дел од менаџмент тимот:
1. Зошто IQOS претставува подобра алтернатива?Бидејќи е прогресивен начин за конструктивно решавање на проблем базиран на наука, докази и истражување. Науката не дозволува толеранција за импровизација, уредот како платформа доживува константно унапредување и со тоа менуваме животи на милиони пушачи, кои инаку би продолжиле со пушење. Со развојот и промоцијата на помалку штетни производи, силно сме убедени дека овозможуваме подобар избор за иднина без чад.
2.Кој е најважниот совет што си го добила, а ти помогнал во кариерата и животот?
Советот кој го прифатив како задолжителна лекција од моите родители и воедно мое животно мото – да се живее живот исполнет со добрина, искреност и помагање. Нема ништо помоќно од искрена жена со добра мисла и јасен став што сака. Тоа подеднакво важи и за кариерата и за сите прашања во животот.
Маја – дел од тимот на финансии:
1. Што значи IQOS за тебе?Мојот прв IQOS уред го добив на подарок од моја многу блиска личност и претставува еден од најдрагите подароци што сум ги добила. За мене тоа не значеше само еден подарок, туку една од најголемите промени во мојот животен стил. Подоцна имав можност да станам дел од исклучителниот IQOS тим, а со тоа дополнително се продлабочи мојата врска со брендот, преку секојдневните активности, запознавање со науката која стои зад овој производ и суштината “што значи IQOS”. Чест ми е што сум дел од овој тим кој продолжува да прави позитивни промени и кај останатите пушачи и ги поддржува да го направат вистинскиот чекор кон подобра алтернатива.
2. Што би им препорачалa на младите жени за напредување во кариерата?
Им препорачувам секогаш да го следат и слушаат внатрешниот глас и да ја пронајдат својата цел. Исполнувањето на целта не секогаш е онака како планираме, па затоа без разлика со кои пречки ќе се соочуваат на патот кон успехот секогаш да се потсетат зошто се на тој пат. Не постои лоша одлука или грешка, бидејќи само оној кој ќе се обиде може да успее.
Елса – дел од тимот кој ги поддржува дигиталните платформи:
1. Како успевате да стекнете доверба кај нашите бизнис партнери, за истите да станат амбасадори на брендот IQOS?Со транспарентност и многу едукација. Нашите бизнис партнери секојдневно ја користат дигиталната платформа, преку која се споделуваат различни содржини за нашите производи, кои издржано го претставуваат како подобар избор за нив, но и за нивните најблиски. Постојаната блиска и транспарентна комуникација е токму она што ја прави соработката уште посилна. Целиот научен пристап, основан на факти, наука и реални резултати кои стојат зад IQOS, овозможува нашите партнери да стекнат доверба, а со тоа да го понудат IQOS уредот на нивните полнолетни корисници како подобра алтернатива од цигарите и да станат наши амбасадори, кои воедно се и првиот и најважен контакт на сите наши постоечки и потенцијални корисници.
2. Која жена претставува инспирација во твојот живот?
Мајка ми! Нејзината трпеливост, нејзината рационалност, нејзината несебичност се некои од доблестите што секојдневно ме инспирираат да станам најдобрата верзија од себеси. Нејзината посветеност кон сите мали, големи, значајни и помалку значајни семејни мигови за мене се повеќе од инспиративен модел. Во денешното динамично време, лесно се заборава на некои вистински животни вредности, но токму таа е личноста која знае да ме потсети на она што е најважно. Начинот на кој што ги прави работите да изгледаат поедноставни и полесни е најдобриот пример на тоа што значи да се биде жена, мајка и супер ѕвезда.
Алмедина – дел од маркетинг тимот:
1. Од каде добиваш инспирација во секојдневната работа поврзана со IQOS брендот?Одговорноста е исклучително голема ако се земе предвид репутацијата на бренд како IQOS. Мојата доверба во брендот не произлегува само од фактот дека имам можност да бидам дел од IQOS тимот, во суштина самиот IQOS исклучително добро се комплементира со се она што сум јас. Тоа е клучен фактор за мојата континуирана инспирација. Не можам да го изоставам фактот дека преку секојдневниот мој ангажман инспирацијата ја црпам од самите корисници, преку истражување на нивните потреби, изнаоѓање на најсоодветен начин за задоволување на истите, што ќе резултира со задоволни корисници, кои не само што го користат нашиот уред туку го чувствуваат како интегриран дел од нив и од нивното секојдневие.
2. Кои квалитети сметаш дека треба да ги поседува една успешна жена?
Перцепцијата за успех кај секого е различна особено кога се дава лично видување за успешноста на една жена. Со оглед на општеството во кое што живееме, жените кај нас се постојана мета на осудување кога станува збор на проценка на успешност. Во основа терминот успешна жена е многу сензитивен и, од мое лично видување, се сведува на секоја онаа која не се откажува, онаа која е храбра без разлика на сите притисоци со кои е соочена. За мене успешна е секоја жена која секојдневно ги исполнува своите цели и непречено се труди да го даде својот максимум. Сите жени се успешни и секоја жена е соочена со предизвици, па така секое соочување и надминување на истите за мене е успех.