20/03/2023

Нашиот синоним за среќа гласи „задоволни корисници“

Дали знаете дека:
„Со секоја минута која сте ја потрошиле на лутење губите 60 секунди среќа“

Што всушност е среќата? Дали е можеби дестинација до која може да се дојде ако ги направиме вистинските избори, учиме од нашите грешки и продолжиме да туркаме напред. И ако е така, што откако ќе стигнеме таму? Дали конечно ќе бидеме задоволни или треба веднаш да поставиме нова дестинација кон која ќе целиме?

Некои велат дека среќата не е дестинација туку патување. Дека суштината е во малите нешта, во знаците покрај патот, во секојдневните ситници што нè прават спокојни, нè мотивираат, пуштаат поволен ветер во едрата на животот и ги оддувнуваат негативните вибрации.

Секој од нас има своја индивидуална дефиниција за тоа што претставува среќата. Но едно е сигурно, заедничко, универзално, нераскинливо: први комшии, најдобри другари и вечни цимери на среќата се задоволството и насмевката.

IQOS ти го претставува 20-ти март, Светскиот ден на среќата.

Твојата насмевка е она што нè прави среќни. Во IQOS тимот синонимот за среќа гласи „задоволни корисници“. За среќа е потребна и храброст. А оние кои беа доволно храбри да го изберат IQOS, го направија вистинскиот потег. За тоа ја имате нашата неизмерна почит. Нашиот бренд заедно со тебе го продолжува патувањето кон совршеноста, надвор од границите, онаму каде што лебдат иновациите, онаму каде што ѕирка подобра иднина за сите нас. Иднина без чад, без пепел, со помалку непријатни мириси.

Среќата бара и акција, перманентно преиспитување, сонување. Нашот тим непрестано работи, ги тестира продуктите и вашите искуства, ги софистицира, ја претвора имагинацијата во реалност. Но ништо без нашите ценети корисници. Тие се нашиот репер, а нивната среќа нашиот идеал. Продолжуваме понатаму, смело, доследно и со крената глава на која блеска искрена насмевка.


Искрено среќни, IQOS.

Најнови новости

IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе
IQOS повторно на FWSK
Прочитајте повеќе