25/03/2023

60 минути темнина за посветла иднина

IQOS тимот верува дека со мали промени можат да се постигнат огромни трансформации кои ќе ни го подобрат квалитетот на животот. Искрено ги поддржуваме смелите идеи кои кршат стари обрасци и создаваат нови терени и можности за градење на софистициран свет. Тргнувајќи од револуционерноста на нашите продукти, ние стоиме позади секоја иновативна мисија која храбро чекори кон прогресот.

Затоа овој пат IQOS дава поддршка на следнава иницијатива наречена "Earth Hour" (Часот на планетата Земја). За што всушност станува збор?

Во време кога климатските промени заземаат централно место во медиумскиот простор, секој од нас е засегнат во кој правец се движи ситуацијата со животната средина, на локално и на глобално ниво. Еколозите постојано предупредуваат за можните катастрофи доколку не превземеме конкретни мерки како индивидуи и како цивилизација. Часовникот отчукува и треба да дејствуваме. A aкцијата мора да започне од некаде. Затоа уште од 2007-ма година иницијативата "Earth Hour" (Часот на планетата Земја) ги охрабрува сите поединци, заедници и бизниси да ги исклучат електричните светла и уреди (што не се од суштинско значење), еден час, од 20:00 до 21:00, во последната сабота од март, како симбол и посветеноста на планетата Земја.

Затоа IQOS те повикува оваа година на 25-ти март во 20:30 часот, заеднички да ја поддржиме оваа мисија.

Само 60 минути од твоето време? Да, само еден час. Можеби не изгледа многу, но магијата се случува кога ти, заедно со оние во Азија и Африка, Северна и Јужна Америка, Океанија и во другите земји од Европа - поддржувачи во над 190 земји и територии - сите ќе одвоиме час за нашиот единствен дом, планетата Земја. Со тоа, во овој час може да блесне занемареното глобално внимание на загубата на природата поради климатските промени, како и потребата да се работи заедно за да се обезбеди посветла иднина за сите. Овој чин би можел да натера милиони да дејствуваат, да обедини градови, држави, континенти, покажувајќи што ни е заедничко на сите и што можеме да изгубиме. Може да нè инспирира и потсети дека не само овој туку и сите останати часови се важни.

Може ли еден час да го промени светот? Тоа е само почеток и зависи од нас. Бидете промената која сакате да ја видите. Затоа оваа сабота на 25-ти март во 20:30, исклучете го светлото на еден час. И не заборавајте дека љубовта, како и животот, започнува од темнина.

Со љубов, IQOS.

Најнови новости

Нов старт со IQOS ILUMA ONE и подарок
Прочитајте повеќе
IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе