11/04/2023

IQOS како одржливо решение и подобра алтернатива

Aприл е прогласен за месец на планетата Земја. Преку разни алатки, стратегии, дискусии и едукација, месецот има за цел да ја подигне свеста околу зачувувањето на животната средина. Месец април и планетата Земја нè повикуваат сите на одговорност: да се вклучиме, да учествуваме и секој од нас да биде активист и волонтер. Потребни се конкретни чекори и акција, како на индивидуално така и на колективно ниво. Сите сме дел од проблемот, но и сите сме потенцијално решение.

Оваа година сме на терен со нова акција којашто има за цел, пред сè, да ја потенцира важноста на еколошката свесност, нo како и секогаш, да подарува. За што станува збор?

IQOS ти нуди една супер возбудлива игра која се состои од 4 нивоа. Доколку ја комплетираш, добиваш картичка од рециклирана хартија, со цветни семиња, што можеш да ги засадиш. Забавно, брзо и ’еко-френдли’. Покрај ова, имаме уште една активност, за заштита на животната средина: секој IQOS корисник кој ќе собере 20 искористени патрони во посебно картонско пакување, за возврат ќе добие IQOS аксесоар, како награда.

Овие активности ќе бидат спроведени на IQOS караванот, којшто патува низ земјата. Специјален тим на IQOS бренд-амбасадори ќе го следат патот на караванот, во потрага по еко-одговорни корисници, кои сакаат да бидат дел од нашата иницијатива. Следи нè на социјалните мрежи, за навремено да дознаеш која е следната дестинација на караванот.

IQOS-тимот се редовни поборници кои безусловно веруваат и работат на подобра иднина и затоа и овој пат ја поздравуваат и поддржуваат априлската иницијатива. Нашите уреди фундаментално се разликуваат од традиционалните цигари по тоа што го загреваат тутунот, наместо да го горат. Целокупните докази покажуваат дека дека при процесот на горење се произведува катран и високи количини на јаглероден моноксид, меѓу другите штетни состојки. IQOS уредите не создаваат катран, ниту чад и пепел, а притоа произведуваат значително помало ниво на јаглероден моноксид. Преминување на IQOS носи предности, како за тебе, така и за животната средина.

Нашите корисници се нашата инспирација. Заедно да освојуваме нови хоризонти и да си подаруваме блесок, да бидеме одговорни, да бидеме алтруисти. Иднината сме ние!

Заедно, одговорни!

Only IQOS

Најнови новости

Нов старт со IQOS ILUMA ONE и подарок
Прочитајте повеќе
IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе