13/07/2023

Летото е за нови одлуки

Што треба да знаеш пред да ја донесеш вистинската одлука, да ги оставиш цигарите зад себе и да преминеш на IQOS?
Сите факти на едно место.

Знаеме дека донесувањето важни одлуки понекогаш може да изгледа тешко и на моменти невозможно, но кога станува збор за преземање на вистинскиот чекор, клучно е да ги знаеш сите факти, а и да ги согледаш предностите кои ги носи овој револуционерен уред.

IQOS не согорува

Прво и најважно е да знаеш дека IQOS НЕ согорува!

IQOS уредите функционираат на база на технологија за контролирано загревање, со што максималната температура е строго ограничена и при тоа не доаѓа до процес на согорување.

Благодарение на оваа технологија, IQOS создава 95% помалку штетни состојки во споредба со цигарите.*

Важна информација: Не мора да биде еднакво со намалување на ризикот од 95%. IQOS не е без ризик.

*„95% помалку” се однесува на просечните намалувања на нивоата на широкиот спектар од штетни состојки (со исклучок на никотинот) во споредба со чадот на референтната цигара.

Без мирис на чад

Второ, но исто толку важно - IQOS НЕ создава чад!

Во чадот од цигарите се наоѓаат голем број на штетни состојки. IQOS не создава чад бидејќи го загрева тутунот наместо да го согорува. На тој начин овозможува вкус на вистински тутун, без чад и без пепел.

IQOS не создава катран

Трето, IQOS НЕ создава катран!

Катранот е производ на согорувањето на цигарите. IQOS не создава катран бидејќи го загрева тутунот наместо да го согорува, со што се ослободува аеросол, кој е фундаментално различен од катранот и содржи значително помалку штетни состојки.

Важна информација: Отсуството на катран не значи дека IQOS е без ризик. IQOS ослободува никотин, којшто предизвикува зависност.

*Намалување на просечните нивоа на штетни состојки (со исклучок на никотинот) во споредба со чадот од цигарите.

IQOS создава 98% помалку јаглерод моноксид

Четврто, IQOS е подобра одлука затоа што не создава високи количини на јаглероден моноксид.

Цигарите го согоруваат тутунот, со што создаваат високи количини на јаглероден моноксид. IQOS создава во просек 98% помалку јаглероден моноксид и значително пониски нивоа на други штетни состојки во споредба со цигарите.*

Важна информација: Ова не значи за 98% намален ризик. IQOS не е без ризик, ослободува никотин кој предизвикува зависност.

*Извор: Ги меревме нивоата на одредени штетни состојки приоритетни за известување од страна на реномирани јавни здравствени организации, кои се намалени во просек за 95% во споредба со чадот од цигарата (со исклучок на никотинот).

Митови и реалност за никотинот

И последна важна работа, никотинот не е главен причинител за болестите поврзани со пушење.

Никотинот создава зависност, но главните причинители за болести поврзани со пушењето се други состојки, во чадот од цигарите кој се создава кога цигарата согорува. IQOS го загрева тутунот наместо да го согорува, со што овозможува вкус на вистински тутун, со 95% помалку штетни состојки во споредба со цигарите.*

Важна информација: Не мора да биде еднакво со намалување на ризикот од 95%. IQOS не е без ризик.

*„95% помалку” се однесува на просечните намалувања на нивоата на широкиот спектар од штетни состојки (со исклучок на никотинот) во споредба со чадот на референтната цигара.

Сега откако ги знаеш сите факти, додека уживаш во летото и си во добро друштво, увери се во својата добра одлука - IQOS.

Only IQOS.

Најнови новости

Нов старт со IQOS ILUMA ONE и подарок
Прочитајте повеќе
IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе