Поедноставно и почисто искуство.
„Сѐ во едно уред“
04/09/2023
Добредојде во новата ера на IQOS технологијата со надградба што ќе го редефинира твоето искуство. Твојот IQOS Originals Duo е опремен со софтвер интегриран во уредот уште од неговата фаза на производство. Но, како што знаеш, ние сме посветени на континуирано унапредување на твоето IQOS искуство, па затоа воведовме ажурирање на софтвер со најсовремена технологија.
Следејќи го овој принцип на обезбедување супериорно искуство, направивме нова софтверска верзија за IQOS Originals Duo. Ова подобрување на софтверот не само што го подобрува твоето искуство со користење на уредот туку ги отстранува и сите потенцијални софтверски грешки, што значи подобро оптимизирано користење.
Она што го добиваш со најновата надградба на софтверот на IQOS Originals Duo е продолжено задоволство од интеракцијата со твојот уред.
Како што знаеш, надградбата можеш да ја направиш и сам/а и тоа преку лаптоп, десктоп компјутер или преку твојот мобилен телефон, а сѐ што ти е потребно е да си поврзан/а на Интернет. За целосната постапка за надградба на софтверот прочитај повеќе на IQOS Новости
Со овој апдејт ќе ги отстраниш најчестите пречки кои произлегуваат од користењето на постара верзија од софтверот. А тоа се: црвено трепкачка сијаличка, слабеење на батеријата на држачот, пократко времетраење на повлекувањето и слично.
Со надградбата на софтверот на IQOS Originals Duo, ќе избегнеш какви било потенцијални софтверски потешкотии во иднина и ќе имаш подолготрајно и подобро искуство при користење на уредот.
*Оваа софтверска надградба е компатибилна со уредите IQOS Originals DUO и IQOS 3 DUO.
Јави се на 0800 99 099 или посети нѐ на iqos-zone.mk и разговарај со нашите експерти. Тие се тука за тебе и твоите прашања од понеделник до сабота, од 09:00 до 22:00! Грижи се за својот уред, како што се грижиш за останатите нешта кои ти значат.
Only IQOS.