03/10/2023

PMI го лансираше IQOS ILUMA уредот во Европа

Од далечната Јапонија па се до Италија и соседна Грција, Philip Morris International го претстави својот револуционерен уред за загревање тутун низ светот, како и во многу европски земји.

Што е IQOS ILUMA?

Иновативната технологија на индукциско загревање на IQOS ILUMA уредот го загрева тутунот одвнатре без да гори, обезбедувајќи го вистинскиот вкус на тутунот, но без пепел и чад. Оваа нова и револуционерна технологија специјално дизајнирана за уредите IQOS ILUMA претставува нов индукциски систем за загревање на тутунот. Во специјално дизајнираните патрони од несогорлив тутун, има метален елемент кој го загрева тутунот одвнатре со индукција - без грејно сечило. Ова дополнително значи дека со оваа серија на уреди, нема потреба повеќе да го чистите уредот, што овозможува севкупно подобро, почисто и попријатно искуство.

Лансирање на IQOS ILUMA во Јапонија

Во Јапонија, 2021 година, лансирањето на IQOS ILUMA се одржа во атмосфера на голема љубопитност и интерес. На денот на пуштањето во продажба на новиот уред, јапонските потрошувачи можеа да ја откријат најновата иновација на IQOS која отвара нов свет на оптимално корисничко искуство.

Лансирање на серијата IQOS ILUMA во Европа

Откако првпат беше лансиран во Јапонија и Швајцарија во 2021 година, уредот IQOS ILUMA стигна на шпанскиот пазар на почетокот на 2022 година. Во 2022 година најнапредниот уред за загревање тутун стана достапен за полнолетните корисници на никотински производи во Португалија, Литванија, Чешка и Словачка, а на крајот на минатата година беше лансиран и во Италија, со што се покажа како најочекуваниот и најпосакуван IQOS производ во земјата.

Кога ќе биде лансирањето на IQOS ILUMA уредот во Македонија?

Многу земји во Европа веќе планираат да го лансираат новиот IQOS ILUMA, а дел од нив и го имаат во своето портфолио.

А кога можеме да ги очекуваме IQOS ILUMA уредите во нашата земја? И овде постои голем интерес кај полнолетните корисници на никотински производи за новото, иновативно издание на IQOS. Во моментов не можеме да откриеме многу за пристигнувањето на новиот IQOS ILUMA во Мaкедонија, но те уверуваме дека следат многу возбудливи новости за IQOS заедницата. Се што треба е да продолжиш да нè следиш на социјалните канали на IQOS_MK: Facebook и Instagram.

Најнови новости

Нов старт со IQOS ILUMA ONE и подарок
Прочитајте повеќе
IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе